Сондата Розета (Rosetta) која беше лансирана во 2004 година пристигна во орбита околу кометата 67П Чуриумов-Герасименко (67P/Churyumov-Gerasimenko) во август 2014. Таа е првата мисија која што влезе во орбита околу комета и ќе ја прати кометата при најблискиот прелет со Сонцето. После неколкумесечен престој околу кометата денес (12 ноември) Розета ќе го исфрли лендерот Филе (Philae) за тој да изведе прво слетување на комета во историјата.
Задачата на Филе нема да биде едноставна поради тоа што кометите се многу сложени тела. Прво, тие имаат мала гравитација, a второ кога се приближуваат до Сонцето кометите испуштаат гејзери од прашина, водена пареа и други материјали, па затоа при слетувањето Филе ќе испушти харпуни и дупчалки со цел подобро да се припои кон површината на кометата.
Одвојувањето на Филе од Розета треба да се случи во 10:03 по наше време, за слетувањето на кометата да биде 7 часа подоцна, во 17:00 по наше време. Комплетен инфографик може да видите на следниот линк.
Слетувањето во живо, како и целодневно објаснување за мисијата, како ќе се одвиваат научните истражувања може да ги следите на следниов линк. Хаштагот за слетувањето е #CometLanding.