Прв доказ за постоење на планетарен подводен систем на Марс

0

Мисијата Mars Express го откри првиот геолошки доказ за систем на антички меѓусебно поврзани езера, кои некогаш лежеле длабоко под површината на Црвената планета, а пет од нив може да содржат минерали важни за постоење живот.

Марс изгледа како еден сув свет, но неговата површина покажува огромни знаци дека некогаш постоеле големи количини на вода на оваа планета. Очигледни се облици како канали и долини за чие формирање потребна е вода. Токму лани се откри залив на течна вода под јужниот пол на планетата.

Нова студија открива постоење на подземна вода на античкиот Марс, а претходно ова било предвидено само од страна на модели.

“Марс во минатото бил воден свет, но како што се менувала климата на планетата, така дошло до повлекување на водата под површината, формирајќи базени и подземни води”, вели Франческо Салез од Универзитетот Утрехт, Холандија.

Салeз и неговите колеги истражуваат 24 длабоки, затворени кратери на северната хемисфера на Марс, кои лежат 4000 метри оид нивото на морето ( ниво, кое со оглед на недостаток на мориња на планетата е произволно дефинирано на Марс, врз основа на височина и атмосферски притисок).

mars povrshina 2

Оваа слика ја прикажува распределбата на голем број кратери (обележани како точки), кои се неодамна истражени како дел од студијата за подземни води на Марс. Сликата во позадина која е прикажана во бои ја претставува топографијата: црвените и портокаловите се со пониски височини, а сините и зелените се повисоки.Оваа студија покажала дека површините на ваквите базени, кои се наоѓаат на длабочина околу 4000 метри, покажуваат знаци на вода која постоела во минатото – прв геолошки доказ дека постоел подводен систем ширум целата планета Марс.Заслуги: Топографија:NASA/MGS/MOLA; Кратери: F. Salese.

Тие откриле канали вградени во кратерите, издлабени долини кои  би можеле да се формираат само во присуство на вода. Карактеристиките укажуваат дека низ овие кратери некогаш поминувала вода која се менувала и намалувала со текот на времето.

Нивото на водата се совпаѓа со предложениот модел на Марсиски океан, за кој се верува дека постоел пред 3 или 4 милијарди години.

“Сметаме дека овој претпоставен океан е поврзан со системот на подземни езера кој се шири низ целата планета”, вели Џан Габриеле Ори, директор на Меѓународната истражувачка школа за планетарни науки, Италија.

“Овие езера би постоеле пред околу 3,5 милијарди години, па можеби тие се современици на океанот на Марс”.

mars povrshina 3

Овој дијаграм покажува модел за тоа како базените во форма на кратер на Марс еволуирале со текот на времето и како некогаш во нив постоела вода. Овој модел претставува основа на нова студија за подземните води на Марс, која открива дека голем број длабоки базени длабоки и до 4000 метри покажуваат знаци на постоење вода во минатото.Сликите (од контекстната камера на NASA) покажуваат различни карактеристики на базените.Постојат три главни фази: Во првата фаза кратерскиот базен е полн со вода и се одликува со водни карактеристики: делти, канали, долини,итн.Во втора фаза нивото на вода се намалува низ целата планета, а како резултат на тоа се појавуваат нови форми на земјиште.Во последната фаза базенот се суши и на тој начин се уништува.Заслуги: Слики: NASA/JPL-Caltech/MSSS; Прилагоден дијаграм: F. Salese

Историјата за постоење на вода на Марс е доста сложена. Треба да се открие и разбере дали некогаш таму постоел живот, и ако е така, кога каде и како се одвивало сето тоа.

Тимот исто така забележал знаци на минерали во 5те од истажуваните кратери и тие се поврзани со појавата на живот на Земјата, како што се различни глини, карбонати и силикати. Ова откритие само додава дека базените на Марс можеби некогаш имале потенцијал да одржат некој облик на живот. Освен тоа, базените биде доволно длабоки, за да се пресекуваат со подземните води, а доказите за ова можеби се закопани во денешните седименти.

Овие истражувања можат да ги откријат и објаснат условите за живот во минатато и затоа се многу важни за астробиолошките мисии како што се ExoMars, која е заедничка мисија на ESA и Roscosmos.Додека ExoMars Trace Gas Orbiter веќе го проучува Марс, наредната година ќе започне и нова мисија.Таа се  состои од ровер кој е неодамна именуван по Розалинд Фреклин и платформа за истржување на површината.Цел на оваа мисија е да ги истражи оние места за кои се верува дека се клучни во потрагата по знаци на живот на Марс.

“Ваквите податоци се многу важни, бидејќи тие ни помагаат да ги идентификуваат регионите на Марс, кои најмногу ветуваат за пронаоѓање знаци на живот во минатото “, вели Дмитриј Титов, експерт за проектот Mars Express на ESA.

“Особено е возбудливо што мисијата која што беше толку успешна на Црвената планета, Mars Express, сега е многу важна алатка во помагањето на идните мисии како ExoMars, со цел да се истражи планетата на поинаков начин. Ова е одличен пример за тоа како две мисии, кои работат заедно, достигнуваат голем успех.

Мисијата Mars Express беше лансирана на 2 јуни 2003 година и минатата година достигна 15 години во вселената. Оваа студија користеше набљудувања од камерата со висока револуција (HRSC) на Mars Express на ESA, научниот експеримент за слики со висока резолуција (HiRISE) на NASA и контекстната камера на NASA.

Обезбедено од: ESA

Извор: phys.org

Превод: Цветанка Мачавеловска

 

 

Сподели.