Примероците од карпите собрани од роверот Персеверанс упатуваат на тоа дека Марс имал долгогодишна древна вода

0

Роверот на Марс на НАСА, Персеверанс, собра два примерока од карпи со знаци дека тие биле во контакт со вода долго време, што го поттикна случајот со древниот живот на црвената планета.

„Изгледа дека нашите први карпи откриваат средина која е потенцијално погодна за одржлив живот“, изјави Кен Фарли, проектен научник при мисијата. Важна работа е што водата била таму долго време.“

марс

Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Роботот со шест тркала го собра својот прв примерок, наречен „Мондениер“ на 6 септември, а вториот примерок од истата карпа, наречен „Монтањак“ на 8 септември.

Двата примерока, кои се малку пошироки од молив во дијаметар и долги околу шест сантиметри, сега се чуваат во запечатени цевки во внатрешноста на роверот.

Првиот обид за собирање примерок на почетокот на август пропадна, откако карпата се покажа како многу ронлива за да го издржи бушењето од роверот.

Роверот работеше во регион познат како кратерот Језеро, северно од екваторот и дом на езеро кое постоело пред 3.5 милијарди години, кога условите на Марс беле многу потопли и повлажни од денешните.

Карпата од која што биле земени првите примероци била базалтна по состав и најверојатно е производ на текови на лава. Вулканските карпи содржат кристални минерали кои се корисни за радиометриско датирање.

Ова пак, може да им помогне на научниците да изградат слика за геолошката историја на областа, како на пример кога настанал кратерот, кога се појавило и исчезнало езерото и како се променила климата со текот на времето.

„Интересна работа за овие карпи е што тие покажуваат знаци за одржлива интеракција со подземните води“, изјави на прес-конференција Кејти Стак Морган, геолог во НАСА. Научниците веќе знаеја дека кратерот е дом на езеро, но не можеа да ја отфрлат можноста дека тоа било „блесок во тавата“ со надојдените води кои го полнеле кратерот дури 50 години. Сега тие се посигурни дека подземните води беа присутни многу подолго.

„Ако овие карпи биле во контакт со вода долго време, може да има вселиви ниши во нив што би можеле да го поддржат древниот микробиолошки живот“, додаде Стак Морган. Солените минерали во карпестите јадра можеби ги заробиле малите меурчиња од древната вода на Марс.

„Солите се одлични минерали за зачувување на знаците на древниот живот овде на Земјата и очекуваме истото да важи и за карпите на Марс“, додаде Стак Морган.

НАСА се надева дека ќе ги врати примероците на Земјата за длабинска лабораториска анализа во заедничка мисија со Европската вселенска агенција некаде во 2030-тите.

Превод: Софија Спировска

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.