Ако вонземјани некогаш го посетиле нашиот Сончев систем, Сатурн веројатно е планетата што би ја запомниле.
Седумте гигантски прстени кои орбитираат околу екваторот на Сатурн го прават него најразличната планета во сончевиот систем. Можеби не е очигледно на сликите од планетата, но парчињата мраз и карпи што ги сочинуваат тие прстени, кружат околу Сатурн со брзина 70 пати поголема од брзината на звукот. Уште повеќе, секој прстен си се движи по свое темпо.
„На некој начин, системот од прстени е како мини Сончев систем“, изјави за „Инсајдер“ Џејмс О Донахју, планетарен научник во јапонската вселенска агенција, JAXA.
“Објектите близу Сатурн орбитираат побрзо, бидејќи во спротивно би пропаднале во планетата, додека објектите далеку можат да си дозволат да одат побавно. Истото важи и за планетите”.
Во слободното време, О’Донахју прави симулации за Сончевиот систем. Исто така тој демонстрирал дека нема „темна страна“ на Месечината, ниту пак дека вистинскиот центар на Сончевиот систем не е Сонцето, и дека Земјата има два вида на ден.
Кога ги употреби своите вештини со цел да ги отслика прстените на Сатурн, О’Донахју создаде симулација (дадена подолу) што покажува како секој прстен се движи со кружен танц.
Во симулацијата, линијата со ознака „синхрона орбита“ е синхронизирана со вртењето на самиот Сатурн, така што покажува кои делови од прстените ќе ги видите ако стоите на тоа место на планетата.
Безброј парчиња замрзнат воден мраз ги формираат прстените, чија големина варира од микроскопски ледени прашинки па се до ледени санти со големина на автобус. Секое парче си има своја орбита: тие близу до Сатурн орбитираат брзо, а тие далеку орбитираат бавно.
Главните сегменти на прстените се A-to-F (етикетирани по редослед на откривање)
Најбавниот и најоддалечениот прстен на Сатурн орбитира со брзина од околу 59,500 км / ч (16,4 километри во секунда) – побавно од брзината на ротацијата на самиот Сатурн. Највнатрешните парчиња мраз и карпи, прелетуваат низ вселената со брзина од околу 84000 км / ч (23,2 километри во секунда).
Одблизу, прстените на Сатурн не се толку хаотични во споредба со нивните брзини. Според О’Донахју, зрнцата мраз на соседните претсени кои се движат со брзина од само неколку сантиметри во минута во однос на едни со други.
„Таа брзина е како одење по еден чекор на секои 30 минути, или слично на сообраќајот во тежок градски метеж“, рече тој на Твитер. „Значи, судирите не се многу драматични.
Сатурн полека ги голта своите прстени
Освен што се неверојатно брзи, прстените на Сатурн се и многу долги и многу тенки. Ако ги „разоткриете“ – како што направи О’Донахју на сликата подолу – сите планети би се вклопиле по во нивната должина.
Но, вкупно, прстените имаат само 1/5 000-та маса од нашата Месечина.
„Со други зборови, нашата Месечина може да се искористи за да се направат 5.000 прстенести системи“, изјави О’Донахју за „Инсајдер“. „Ова нагласува колку само тие се исклучително тенки и кревки“.
Прстените на Сатурн се неверојатно деликатни: тие имаат маса само 3 пати поголема од атмосферата на Земјата
Прстени на Сатурн → 15 × 10¹⁸ кг
Земјина атмосфера → 5 × 10¹⁸ кг
Формирани во време на изумирањето диносаурусите, тие ќе живеат само 100 милиони години повеќе, опкружувајќи го Сатурн за само 5% од неговиот живот.
Оваа кревкост е предмет на научно истражување на О’Донахју. Проучувајќи ја горната атмосфера на Сатурн, тој и неговите колеги откриле дека прстените полека исчезнуваат. Илјадници килограми прстенест материјал „врне“ на планетата секоја секунда. Со тоа темпо, прстените не треба да опстанат повеќе од 300 милиони години во „целосниот“ сегашен облик, рече тој.
Прстените на Сатурн се „виножито“ од мраз истегнато со помош на гравитацијата. Еве слика во природна боја (17 мегапиксели) направена од леталото Касини. Наведените растојанија се од центарот на Сатурн; прстените се широки ~ 5 Земји тука! pic.twitter.com/boGiweQE12
„ Сатурновиот систем не е баш стабилен, се чини дека е привремено подрачје со остатоци од некојаси античка месечина или комета што се приближила премногу и се распаднала, отколку трајна одлика“, додаде О’Донахју „Можеме да се сметаме себеси среќни што живееме во време кога прстените на Сатурн имаат толку огромно присуство во Сончевиот систем.
Превод:Христијан Петрески
Извор: sciencealert.com