Новата апликација „Space Nation Navigator“, нејзините дизајнери ја опишуваат како прва апликација за обука на астронаути.
Доколку отсекогаш сте сонувале да заминете во Вселената, тогаш ќе ве развесели оваа новост дека тоа станува реалност. Апликацијата Space Nation Navigator ви ја нуди таа можност.
Направена со помош на НАСА, оваа бесплатна апликација ги подучува кандидатите на основни астронаутски вештини со помош на мини игри, квизови, фитнес предизвици и наративни авантури.
Space Nation Navigator, покрај тоа, е и првиот чекор кон Space Nation Astronaut програмата – глобален натпревар во кој еден кандидат ќе освои патување во Вселената. Апликацијата беше лансирана на годишнината од летот на Јуриј Гагарин во Вселената во 1961 година.
Thousands apply to be astronauts, only a few are selected. It takes nearly 2 years for an individual to go through the process of becoming an astronaut & then they may have to wait 10yrs to go into space. Or you can just download the Space Nation Navigator https://t.co/glTWhWOaVg pic.twitter.com/oavp3gs7Wi
— Astronaut Tips (@AstronautTips) April 11, 2018
„Ниската земјина орбита е спремна за работа, а компаниите се спремаат за ископување на астероиди и изградба на хотели. Се повеќе луѓето ќе ја посетуваат вселената. Овој следен чекор во новата вселенска трка ќе бара многу вештини кои Space Nation Navigator ќе им ги понуди на сите луѓе во светот кои сакаат да заминат на далечно патување.“
Since the first space flight conducted by the Soviet Union, a total of 40 nationalities have flown to space. At Space Nation we believe that total to be short by 156. Space is for everyone! Take the first step & download the Space Nation Navigator now! https://t.co/7V8ZrFjE88 pic.twitter.com/y51HbewQGB
— Space Nation (@spacenation) April 9, 2018
„Објавувањето на Space Nation Navigator ги прави рамноправни цивилите кои сакаат да патуваат во Вселената со астронаутите,“ вели Kalle Vähä-Jaakkola, директор и ко-основач на Space Nation.
Space Nation Navigator може бесплатно да го симнете на Google Play Store.
Извор: Е-Наука
Во соработка со: