Предавањe во Планетариум на 26ти септември

0

Скопско астрономско друштво повторно ве кани на предавањe во Планетариумот во Скопје кое ќе се одржи на 26ти септември во 19ч. На предавањата ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

Планетариум

Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната која гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во строго ограничен број, може да ги набавите во билетарата на МКЦ по цена од 150 денари.
За информации за билетите јавете се на 071 305 695.
За дополнителни информации за предавањето побарајте нѐ на 076 439 027.

Сподели.