Повлечена е лажната статија на CNN за удар на астероид во Земјата

0
Заслуги: Don Davis/NASA, via Wikimedia Commons

Заслуги: Don Davis/NASA, via Wikimedia Commons

Неодамна CNN објави статија во која се велеше дека има огромни шанси од дури 50% да удри астероид на Земјата во 2041 година. По кратко време многу од читателите кренаа паника и затоа оваа вест мораше да биде повлечена.

CNN iReport можеби се чини како релевантен извор на информации и токму затоа вознемиреноста и стравот кај читателите се раширија за кратко време. Но сепак, на порталите од ваков тип информациите неретко се објавуваат без никакви проверки и контрола. Па така, и оваа вест за крај на светот како и обично стана ултра популарна и во рок од 24 часа беше прегледана околу 230,000 пати.

Како дополнување на и онака бесмислената статија е и предвидениот датум за судниот ден кој, верувале или не беше 35 март!

Извор: IFLS

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.