Повеќе докази кои ја поддржуваат планетата Девет

0

Истражувачи од Шпанија спроведоа студија околу откривањето на нови докази кои го поддржуваат постоењето на неистражената масивна далечна планета во Сончевиот Систем. Таа далечна планета е наречена Планета Девет и првиот доказ за нејзиното постоење беше тоа како орбитите на сите транс-Нептунските објекти (ТНО) се распределени во одредени насоки. Ова беше поставено на маса во 2016 година, а оттогаш се заклучени и уште неколку докази. Друга група на астрономи, пак, работејќи на транс-Нептунските објекти, забележа опсерваториски промени во сопствените заклучоци и предложи  повторно да се преиспита теоријата за планетата Девет.

Повеќе докази кои ја поддржуваат планетата Девет

Уметнички приказ на планетата Девет. Заслуги: NASA

На хартија, објавено во трудот Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters , истражувачите од Мадридскиот универзитет користеа нова техника за да проучат едни од најдалечните објекти во Сончевиот Систем, наречени екстремни транс-Нептунски објекти (ЕТНО). Овој тип на објекти е оддалечен од Сонцето најмалку 150 пати повеќе отколку Земјата (150 астрономски единици; 1 астрономска единица е еднаква со растојанието од Сонцето до Земјата – приближно 150 милиони километри), а притоа не ја преминуваа орбитата на Нептун. Тимот ги направи најдобрите пресметки за да ги пресмета датумите на јазлите на објектите. Јазли се две точки каде што орбитата на небесното тело ја преминува рамнината на Сончевиот Систем. Нивната позиција најмногу зависи од големината и формата на орбитата.

Тимот ги проучуваше јазлите на 28 екстремни транс-Нептунски објекти и на 24 помали небесни тела. Од набљудувањето, тие воочиле дека сите јазли се појавуваат во одреден интервал на одредено растојание од Сонцето и дека сите се меѓусебно поврзани, а всушност не треба да постои никаква корелација.

„Претпоставувајќи дека екстремните транс-Нептунски објекти динамички се слични на кометите кои се во интеракција со Јупитер, овие резултати ги интерпретираме како знаци за присуство на планета која активно комуницира со нив на растојанија од 300 до 400 астрономски единици.“- изјави ко-авторот на истражувањето, Карлос де ла Фуенте. „Веруваме дека ова што го гледаме на небото не може да се припише само на набљудувачки претпоставки.“

Истражувањето е во согласност со оригиналното истражување кое укажува дека има голем објект таму горе, до 10 пати помасивен од Земјата, и според претпоставките се наоѓа на околу 600 до 700 астрономски единици од Сонцето. Научниците сега се сосредоточени на пронаоѓањето докази за постоење на планетата Десет, објект со големина на Марс, но многу поблизу од претходниот – дури на само 50 астрономски единици од Сонцето.

Превод: Давид Симоновски

Извор: IFL Science

Сподели.