Откриен нов настан на масовно изумирање кој го поттикнал подемот на диносаурусите

0

Огромни вулкански ерупции кои се случиле пред 233 милиони години исфрлиле јаглерод диоксид метан и водена пареа во атмосферата. Оваа серија на големи експлозии на западниот брег на Канада довела до масовно глобално затоплување.

Новите истражувања покажуваат дека овој планетарен настан на масовно истребување, убил многу од доминантните тетраподи и го најавил добата на диносаурусите. Најдобро познатиот настан на масовно истребување се случил на крајот на периодот Креда пред 66 милиони години. Ова е настанот кога динсаурусите, птеросаурусите, морските рептили и амонитите сите изумреле. Овој настан бил предизвикан примарно од ударот на џиновски астероид што довел до блокирање на Сонцето, мрак и смрзнување проследено со други масовни пертурбации на океаните и атмосферата. Геолозите и палеонтолозите се согласуваат околу пет такви настани од кои оној на крајот на периодот Креда е последен. Откритието на нов досега непознат настан на масовно изумирање може да  изгледа неочекувано. Сепак овој настан именуван карнијанска плувиална епизода (CPE) изгледа дека има убиено исто толку видови како и астеороидот. Екосистемите на земјата и морето биле драстично променети со затоплувањето и сушењето на планетата.

На земјата ова предизвикало масовни промени кај растенијата и хербиворите. Како резултат на ова со намалувањето на доминантните тревопасни тетраподи како ринхосаурус и дицинодонт, диносаурусите ја добиле својата шанса.

дино 2

Хронологија на масовни изумирања. Заслуги: D. Bonadonna/MUSE, Trento/Author provided

Диносаурусите се појавуле некои 15 милиони години пред тоа и новите истражувања покажуваат дека како резултат на CPE, тие се прошириле многу брзо во наредните 10 до 15 милиони години стаувајки доминатниот вид во земниот екосистем. Самиот настан ја предизвикал „добата на диносаурусите“ која траела во наредните 165 милиони години.

Но, не биле само диносаурусите оние кој добиле потпора. Многу модерни тетраподни групи како желките, гуштерите, крокодилите и цицачите се јавуваат во овој новоткриен период на еволцијата.

Овој настан бил прв пат забележан во 1980тите но се мислело дека бил ограничен на Европа. Најпрво геолозите во Германија, Швајцарија и Италија препознале голема промена кај морската фауна пред 232 милиони години именувајќи го настанот Rheingraben.

Потоа во 1986 јас независно го воочив овој настан како глобална промена меѓу тетраподите и амонитите. Но во тоа време, датирањето беше многу послабо развиено од денес и беше невозможно да се одреди дали станува збор за истиот настан.

Делчињата од сложувалката почнаа да паѓаат на место кога од страна на геолозите Мике Симс и Ластаир Руфел беше препознаена епизода од милион години влажна клима во Обединетото Кралство и делови од Европа. По нив геологот Јакопо дал Корсо забележа случајно препоклопување во тајмингот на CPE со ерупциите на врангелиските базалти.

Врангелиа е термин кој геолозите го користат за да опишат тесна тектонска плоча која е прикрепена за западниот брег на северноамериканскиот континент, северно од Ванкувер и Сиетл. На крајот при преглед на доказите од карпи од Тријас периодот биле забележани белези на настанот не само во Европа туку и Јужна Америка, Северна Америка, Австралија и Азија. Ова бил далеку од локален европски настан.

дино 3

Дистрибуцијата на врангелиските скалести базалтни остатоци од ерупциите во Аласка, Јукон и Британска Колумбија. Заслуги: (University of British Columbia/EOAS)

Масовните врангелиски ерупции исфрлиле јаглерод диоксид, метан и водена пареа во атмосферата што резултирало со глобално затоплување и зголемен број на врнежи низ целиот свет. Имало барем пет пулса на ерупции поврзани со пикови на затоплување од пред 233 милиони години. Еупциите довеле до кисели дождови преку гасовите од ерупциите кои се измешале со дождовницата.

Острото затоплување практично ги изгонило растенијата и животните од тропските делови додека киселиот дожд ги убил растенијата на копното, а океанското закиселвуање ги загрозило сите морски организми со карбонатни скелети. Поради ова дошло до запустување кај површините на океаните и копното. И покрај тоа што животот почнал да се враќа, температурата останала висока и по прекинот на ерупциите. Ова е причината за сушењето на почвата со која завладеале диносаурусите.

Најневообичаена е промената кај  морскиот циклус на карбонатите. Под ова се подразбира механизмот на формирање дебел варовник од карбонати кој представува материјален извор за изградба на школките кај коралите и мекотелите. Настанот бил моментот кој довел и до појавувањето на модерните корални гребени како и многу модерни групи на планктони сугерирајќи го случувањето на големи промени во океанската хемија.

Пред CPE, главниот извор на карбонати во океаните бил микробниот екосистем, како калливите брда во кои доминирал варовникот, на континенталните гребени. Но, по CPE циклусот на крабонатите бил воден од коралните гребени и планктоните каде се појавиле и цветале нови групи на микроорганизми како динофлагелатите. Оваа голема промена во фундаменталните хемиски циклуси во океаните го обележала почетокот на модерните морски екосистеми.

Од ова може да се извлечат и важни лекции за тоа како може да и помогнеме на нашата планета да се справи со климатските промени. Геолозите треба да ги истражат деталите на врангелиската вулканска активност и да разберат како овие повторни ерупции влијаеле на климата и ги промениле екосистемите на Земјата.

Низ историјата на Земјата имало неколку вулкански масовни истребувања и физичките пертурбации како глобалното затоплување, киселите дождови и океанското закиселување се дел од предизвиците со кои се соочуваме и денес. Палеонтолозите ќе треба да работат подетално со податоците од морските и континенталните фосилни остатоци. Ова ќе ни помогне да разбереме како кризата се одиграла од аспект на губитокот на биодиверзитетот но и да истражиме како планетата се повратила од неа.

  • Михаил Џ. Бентон, професор по ‘рбетничка палеонтологија, Универзитет на Бристол

Извор: www.sciencealert.com

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.