За прв пат астрофизичарите детектираа повеќе планети во друга галаксија со маси од како онаа на Месечината до како масата на Јупитер. Со оглед на тоа колку е тешко да се најдат екстрасоларни планети дури и во нашата галаксија ова не е мал подвиг. Истражувачите од Универзитетот на Оклахома успејаа да го постигнат ова во Фебруари 2018 со помош на паметно користејки гравитациски микролеќи.
Оваа техника за прв пат предвидена од теоријата за генерална релативност на Ајнштајн е искористена за пронаоѓање на екстрасоларни планети во Млечниот Пат, и е единствениот познат начин да се пронајдат најмалите и најдалечни планети, илјадници светлосни години од Земјата.
Кога една планета орбитира околу ѕвезда гравитациското поле на системот може да ја искриви светлината на далечна ѕвезда зад него. Знаеме како ова изгледа кога станува збор за само две ѕвезди, но кога планета влегува во миксот создава додатно искривување на светлината кое стигнува до нас како препознатлива карактеристика на планетата. Досега 53 екстрасоларни планети во Млечниот Пат се детектирани користејки го овој метод. За пронаоѓање на планети подалеку потребно беше нешто помоќно од само една ѕвезда.
Астрономите Ксинју Даи и Едуардо Гуерас од Универзитетот на Оклахома проучувале квазар 6 милијарди светлосни години оддалечен од Земјата наречен RX J1131-1231 еден од најдобрите квазари како гравитациска леќа на небото. Гравитациското поле на галаксија 3.8 милијарди светлосни години од Земјата која се наоѓа меѓу нас и квазарот ја искривува светлината создавајки четири слики од квазарот кој представува активна супермасивна црна дупка која е екстремно светла во рендгенскиот спектар благодарение на интензивната топлина на акрецискиот диск.
Користејки податоци од Чандра – рендгенската опсерваторија на НАСА, истражувачите откриле дека има чудни енергетски поместувања во светлината на квазарот кои може да се објаснат со присуството на планети во галаксијата која игра улога на леќа за квазарот.
„Многу сме возбудени заради ова откритие. Ова е прв пат некој да открие планети надвор од нашата галаксија“ вели Даи. Секако никој не ги има видено планетите дирекно и најверојатно тоа нема да се случи во животниот век на никој жив денес но, способноста за нивна детекција е неверојатен тестамен самата по себе за моќта на микролеќите, без и воопшто да спомнеме дека ова представува доказ за постоење на планети во други галаксии.
Секако, очекувано е дека постојат планети и во другите галаксии но доказите се секогаш добри. „Ова е пример за тоа колку се моќни аналитичките техники со примена на екстрагалактички микролеќи“ вели Гуерас. „Оваа галаксија е лоцирана 3,8 милијарди години од Земјата и нема скоро никаква шанса за набљудување на овие планети дирекно дури ни со најдобрите телскопи замисливи во научната фантастика. Сепак можеме да ги проучуваме, да го откриеме нивното присуство и дури да добиеме представа за нивната маса. Ова е многу кул наука.“
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: sciencealert.com