Физичарите од Монаш Универзитетот со нови сознанија за формирањето на планетите

0

Меѓународна студија предводена од одделот за физика и астрономија при Универзитетот Монаш го откри првиот видлив доказ за постоењето на циркумпланетарните дискови.Судијата објавена во списанието за астрофизика Letters, се фокусираше на младите планети кои што сеуште се наоѓаат во процес на формирање (обично само неколку милиони години стари).

“Нашето истражување помага во разбирањето како се формирал нашиот Сончев Систем стар 4.6 милијарди години и како ние сме се нашле на ова место,” вели водечкиот автор Др. Валентин Кристијанс од Универзитетот Монаш.

циркумпланетарен диск

Инфрацрвена фотографија од штотуку родената планета ПДС 70 и нејзиниот циркумпланетарен диск и околината. За споредба е дадена и големината на нашиот Сончев Систем. Заслуги: В. Кристијанс/ЕСО

Тимот истражувачи го користеше Големиот Телескоп во Чиле за да ги испита инфрцрвените слики во различни бои (бранови) на една голема штотуку родена панета. “Го пронајдовме првиот доказ за постоењето на диск од гас и прашина уште познат и како циркумпланетарен диск”, вели Кристијанс. “Сметаме дека големите месечини на Јупитер и другите гасни џинови се создадени токму во таков диск, па нашата работа помага во објаснувањето како планетите во нашиот Сончев Систем се формирале”, вели тој.

Штотуку создадената планета е многу потешка за набљудување отколку ѕвездата околу којашто орбитира. Силниот сјај којшто потекнува од ѕвездата треба да биде изземен од сликата. “Алгоритамот којшто го развивме може да биде употребен за извлекување на слаби сигнали од други комплексни бази на податоци.”

Набљудуваните карактеристики на овие месечини и на другите големи месечини од гасните џинови, сугерира дека тие се формирале во циркумпланетарниот диск. Ова предвидување беше поткрепено со теоретски пресметки и нумерички симулации. “Наспроти интензивната потрага, циркумпланетарните дискови не успеавме да ги откриеме се до денес.”

“Нашата работа додава само уште едно парче од сложувалката за формирањето на планетите џинови, а истата таа сложувалка беше започната од Галилео пред 4 векови со откритието на големите месечини на Јупитер.”

Ко-авторот на студијата, професор Даниел Прајс вели дека е зачудувачки што сметаме дека можеме да ги набљудуваме планетите во процесот на нивното создавање.

Превод: Христина Милошевска

Извор: www.monash.edu

Сподели.