Хајабуса 2 Стигна на астероидот Рјугу на 27 јуни. Од тогаш одржува растојание од 20km додека контролерите на Земјата ги проверуваат инструментите. На крајот на јули вселенското летало ќе започне да се спушта на височина од само 5km за да изврши обсервации на средна височина. Проектот беше тивок неколку недели, но JAXA (Јапонска Aгенција за Аеровселенско Истражување) објави нови материјали. За почеток две нови глобални глетки од кои втората во фокусот го има светлиот објект на северниот пол на астероидот.
Еве и ротациона анимација за кое ќе ви требаат црвено-сини 3Д очила:
Поголема верзија на анимацијатаЗа крај на unmannedspaceflight.com Роман Ткаченко ги искористи новите податоци да направи надграден модел на обликот на Рјугу.
„Не е перфектен, но подобар е од ништо.“ вели тој.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: Planetary Society