Научник од НАСА создава проширена листа на можни населиви светови

0
Научник од НАСА создава проширена листа на можни населиви светови

Уметнички приказ на кој е илустрирана Кеплер-22b, планета за која е познато дека се наоѓа во зоната погодна за живот, околу ѕвезда слична на нашето Сонце. Заслуги: НАСА / Ames / JPL-Caltech

Научник од НАСА со седиште во истражувачкиот центар Ејмс има составено листа на можни населиви планети или други тела во Сончевиот систем, но и подалеку. Во својот труд, објавен во Зборникот на Националната академија на науките, Кристофер MекKеј истакнува дека животот е можен на други планети, месечини, па дури и други тела.

„Истражувањaта овде на Земјата доведоа до откритија кои покажуваат дека животот може да постои во услови кои претходно би биле разгледувани како невозможна животна средина. Така, се чини логично дека листата на дефинирани можни услови за живот исто така треба да се прошири. Не сите форми на живот имаат потреба од истите услови како и поголемиот дел од животот што го гледаме околу нас; некои може да преживеат, па дури и да напредуваат во многу екстремни услови”, вели MекKеј.

Тој забележува дека некои видови на микроорганизми, на пример, беа пронајдени како живеат во средини кои се постојано значително под точката на мрзнење или далеку над точката на вриење. Така, не би имало смисла да се отфрли планета, едноставно затоа што таа е премногу ладна или премногу топла.

Исто така, тој забележува дека не сите форми на живот бараат вода како што некогаш се мислело. Некои алги, на пример, се пронајдени живи во внатрешноста на карпи, каде што имаат многу, многу малку вода на располагање. Како пример за споредба може да се земе водата која е заробена во карпите на Месечината.

Потребата за светло или некоја друга форма на извор на енергија може да се преценети исто така. Пронајдени се суштества кои живеат во морето, на пример, на длабочина каде што Сончевата светлина не може да навлезе. Може ли тоа да значи дека некои планети биле погрешно исклучени како можни носители на живот, едноставно затоа што биле премногу далеку од нивната ѕвезда? Никој не знае со сигурност, но можеби треба да почнеме со вклучување на повеќе од нив во нашата листа на можности.

Тука е и проблемот со преголемото зрачење и каде се разбира животот не требало да постои, но што со оние микроби кои се пронајдени живи во внатрешноста на нуклеарните реактори? Можеби ние сме премногу тесно фокусирани во овој поглед.

И конечно, тоа што сме суштества на кои им треба многу кислород за да преживеат, прави да ни се чини природно дека треба да очекуваме и другите населиви светови да го имаат. Но, истражувањето покажа дека и тоа не е секогаш неопходно, а  понекогаш е дури и фатално за некои форми на живот, како што се еден вид на бактерии кои живеат во почвата. Азотот, од друга страна, се чини дека има повеќе од клучно значење. Можеби тоа треба да биде еден од нашите основни заклучоци.

На кратко, MекKеј нè потсетува дека можеби треба да бидеме повнимателни во она што го исклучуваме кога сме во потрага по живот на друго место, можеби сега повеќе отколку пред нашата технологија да се подобри до таа точка од која што конечно ќе може да го добиеме тоа што ни треба за навистина да докажеме дека животот постои таму некаде, дури и ако тој е во форма што никогаш што не сме можеле да ја замислиме како можна порано.

Неопходните услови за да биде возможен животот на Земјата, нејзиниот елементарен состав и животната средина обезбедија начин да се процени можноста за живот на егзопланетите. Температурата е клучна не само заради нејзиното влијание врз течната вода, туку и поради тоа што може да биде директно проценета од планетарните и климатски модели на егзопланетарните системи. Животот може да расте и да се репродуцира на температури ниски како -15°C и високи како 122°C. Студии за живот во екстремните пустини покажуваат дека на сувите светови дури и мала количина на дожд, магла, снег, па дури и атмосферска влажност може да биде соодветна за фотосинтетско производство кое би обезбедило мали, но забележливи микробиолошки заедници. Животот е во можност да ја користи светлината на нивоа помали од 10-5 од соларниот флукс на Земјата.

УВ или јонизирачките зрачења може да се толерираат од страна на многу микроорганизми на многу високи нивоа и е многу малку веројатно дека тие би го ограничиле животот на егзопланетите. Биолошки достапниот азот може да ја ограничи населивоста. Нивоата на О2 во сооднос од неколку проценти на една егзопланета ќе бидат во согласност со присуство на повеќеклеточни организми и високото ниво на О2 на Земјоликите светови би укажувале на кислородна фотосинтеза. Другите фактори, како што е pH вредноста и соленоста, очекувано е да варираат и не се ограничувачки за животот на целата планета или месечина.

Извор: Phys.org

Превод: Боро Костевски

Сподели.