Во обид да се продолжи мисијата на Voyager 2, НАСА ќе исклучи уште еден инструмент од леталото. Претходно, во октомври 2024 година, НАСА го исклучи плазма спектрометарот а во текот на месецов ќе се исклучи и инструментот за нискоенергетски наелектризирани честички (Low-Energy Charged Particle) на Voyager 2.

Уметничка презентација на една од сондите на Војаџер (NASA, JPL-Caltech)
Што значи ова за издржливото летало?
„Ако не исклучиме инструмент на двете летала Voyager сега, тие би имале само неколку месеци повеќе моќност пред да мораме да прогласиме крај на мисијата“, вели Сузан Дод, проектен менаџер на Voyager, JPL.
Леталата беа лансирани во 1977 година, и оттогаш многу работи се променија, а Voyager 1 и 2 го изненадија човештвото со својата долговечност. Нивната планирана мисија беше само 5 години, а денес 50 години подоцна мисијата е сè уште активна и тоа во меѓуѕвездениот простор.

Војаџер 2 на ракета. 20 Август 1997 (NASA)
Иако двете летала се покажаа многу издржливи, ништо не трае вечно, па дури ни плутониумот. Кога беа лансирани, носеле околу 13,5 кг плутониум-238 во нивните радиоизотопски термоелектрични генератори (RTGs).
RTGs произведуваат електрична енергија со проток на топлината од распаѓањето на плутониумот низ термопарот. Сепак, како што плутониумот се распаѓа, неговата излезна моќ се намалува. Тоа бара намалување на енергетските потреби на леталото. Заради ова НАСА мора постепено да исклучуваат системи од Војаџер кои повеќе не даваат многу научна корист. Некои од инструментите на леталото беа насочени кон планетарната наука и се помалку критични во меѓуѕвездениот простор, па истите најпрво се исклучуваат. Во спротивно мисијата на леталата би завршила во следните неколку месеци.
Секој Voyager носи ист пакет од 10 научни инструменти. НАСА исклучи различни инструменти на секој од нив во различни времиња за да постигне најдобри научни резултати. Во октомври 2024 година, НАСА го исклучи плазма спектрометарот на Voyager 2. На 24 март, НАСА ќе го исклучи инструментот за нискоенергетски наелектризирани честички (Low-Energy Charged Particle Instrument – LECP) на Voyager 2, оставајќи го со само три активни инструменти: Триаксиален магнетомер (Triaxial Fluxgate Magnetometer – MAG), Системот за космички зраци (Cosmic Ray Subsystem – CRS) и Системот за плазма бранови (Plasma Wave Subsystem – PWS).
Тие три инструменти сè уште му овозможуваат на Voyager 2 да собира вредни научни податоци.

Слика на Јупитер и ИО направена од Војаџер 2 (NASA/JPL)
Инструментот MAG на Voyager 2 ги измери магнетните полиња на Уран и Нептун и интеграцијата на соларниот ветер во нивните магнетосфери. Тој исто така играше витална улога во определувањето точно кога Voyager 2 ја премина хелиопаузата во меѓуѕвездениот простор. Сега кога леталото е во меѓуѕвездениот простор, MAG ја мери јачината на меѓуѕвездените магнетни полиња и нивната интеграција со магнетните полиња на Сонцето.
Инструментот CRS помогна на научниците да ги измерат енергетските честички во магнетосферите на надворешните планети. Тој исто така обезбеди незаменливи податоци за составот, енергијата и дистрибуцијата на космичките зраци и помогна во разбирањето како овие зраци се забрзуваат и како се пропагираат.
PWS ја мери густината на електроните во близина на планетите на Сончевиот систем. На почетокот на мисиите на Voyager, инструментот откри молскавични бури на Јупитер и други џиновски планети, што беше значаен развој во разбирањето на овие планети. Во меѓуѕвездениот простор, тој ја мери густината на меѓуѕвездената плазма. Неговите мерења се критични за разбирањето на меѓуѕвездениот медиум (ISM).
Во текот на својата мисија, инструментот LECP дава информации за енергијата на наелектризираните честички и динамиката на соларниот ветер. Тој исто така покажал како некои честички можат да излезат од хелиосферата во меѓуѕвездениот простор. Како што Voyager 2 го продолжува своето патување во меѓуѕвездениот простор, LECP ќе ни каже повеќе за хелиопаузата и како честичките се однесуваат различно во хелиосферата и меѓуѕвездениот простор. Овој инструмент ќе биде исклучен подоцна овој месец, и со тоа Voyager 2 ќе има само три инструменти.
Ништо не ја илустрира долговечноста и издржливоста на Voyager повеќе од инструментот LECP. Тој се исклучува само поради енергетски ограничувања, а не поради деградација на перформансите.

Графикон на кој се покажува локацијата на леталата Војаџер во однос на хелиосферата
Главниот истражувач на LECP инструментот на Voyager 2, Stamatios Krimigis, сега има 86 години и e почесен раководител на секторот за вселенско истражување на лабораторијата за применета физика Џонс Хопкинс (APL).
Иако никогаш не беа планирани како такви, леталата Voyager 1 и 2 се нашите први меѓуѕвездени сонди. Сè што ни покажуваат за меѓуѕвездениот простор е бонус знаење. Многу научниците кои работеа на леталата веќе не се со нас, но леталата сè уште живеат и работат за науката.
Превод: Саља ПАвлова
Извор: sciencealert