Метеор за паметење

0

Одамна не сме биле на метеорскиот рој Леониди, а времето не ветуваше дека и оваа година ќе одиме. Облаците беа насекаде. Сепак, сосема ненедејно, добив повик ако сакам да се придружам на една група членови која сакала да се прошетаме на терен и да пробаме да фатиме нешто од Леонидите. Во првиот автомобил беа Мартин, Марија, Александар и Филип Чакаров, а со вториот дојдовме јас и Горан. По пат беше решено да не се оди до Рудине, туку да се поставиме на раскрсницата за Мала Матка.

По излегување од автомобилите можевме да видиме само еден мал дел чисто небо меѓу облаците и тоа баш во подрачјето на кај соѕвездието Орион, додека речиси на сите страни беа облаци. Радијантот на Леонидите беше многу блиску до Јупитер, па лесно можевме да видиме од каде доаѓаат метеорите, секако, до колку би можеле да ги ги видиме воопшто.

И брзо по поставувањето на апаратите на небото се појави огромен метеор од правец на Орион. Мартин прв го здогледа, а по него и сите останати брзо се свртевме. Имаше што да се види!

Авторски права: Александар Алексов, САД

Авторски права: Александар Алексов, САД

Метеорот беше релативно спор, со црвенкасто-портокалова нијанса и почна брзо да се распаѓа на делови кои имаа зеленикава боја. Траеше околу десетина секунди, па можеше лесно да се забележат многу детали.

Авторски права: Мартин Стојановски, САД

Авторски права: Мартин Стојановски, САД

За среќа, апаратите на Мартин и Александар успешно го фатија. Во овој извештај можете да ги видите фотографиите и анимацијата направени од нив.

По овој метеор(иште) немаше нешто посебно да се види. Јас видов уште два сосема мали метеори, кои како ни овој големиот, не припаѓаа на метеорскиот рој Леониди. Поседовме уште еден час на терен, со надеж дека уште нешто слично можеме да видиме и фотографираме, но набрзо потоа се наоблачи насекаде, па си заминавме.

Текст: Радан Митровиќ

Сподели.