Уште еден меѓуѕвезден посетител доаѓа на кај нас

0

20Астрономите имаат откриено, најверојатно­ меѓуѕвезден објект – вториот после Оумуамуа – овој пат, комета која ќе помине најблиску до сонцето покасно оваа година.

комета 1

Можната меѓуѕвездена комета C/2019 Q4. Кратка опашка е видлива над и десно од комата. Заслуги: Генади Борисов.

Прво беше Оумуамуа, откриена пред околу 2 години. Овој пат можеме да очекуваме друг меѓуѕвезден летач, новооткриената комета позната засега според нејзината очекувана дестинација C/2019 Q4 (Borisov) – претходно gb00234. Генади Борисов (Gennady Borisov) го открил објектот на 30-ти август, 2019, во MARGO опсерваторија кај Nauchnij, Крим кога бил на растојание од отприлика 3 астрономски единици од сонцето. За разлика од Оумуамуа, кој не бил откриен се до после перихел, новата комета се приближува на рамнината на соларниот систем и би достигнала перихел на 10-ти декември, 2019 на растојание од 1.94 астрономски единици. Сепак, овие информации можат да се сменат со текот на понатамошни набљудувања.

ком 2

Обликот на орбитата на објектот е дефинирана од ексцентричноста (e). За круг, e=0, и вредностите варираат се до 1, индицирајќи парабола. Секој објект со e>1 е на хиперболична орбита доаѓајќи преку соларниот систем. Заслуги: Stamcose / CC BY-SA 4.0 with additions by the author

Тоа што ја издвојува C/2019 Q4 од скоро секоја друга комета е ексцентричноста на нејзината орбита. Ексцентричноста мери колку орбитата отстапува од совршен круг, кој има ексцентричност од 0. Елиптички орбити, типични за планети, астероиди и комети имаат ексцентричност помеѓу 0 и 1. Параболите имаат ексцентричност од 1 и ексцентричност над 1 индицира хиперболична орбита.

Во првите денови после откривањето при што била привремено крстена gb00234, набљудувачите пристапиле на можноста за меѓуѕвездено потекло со претпазливост. Шансата за пронаоѓање на такви објекти во прелиминарни слики не е голема, поради тоа што кометата е многу блиску до сонцето (to have been swept up by wide-field surveys). Сепак, би требало да остане видлива во месеците пред и откако ќе биде најблиску до планетата Земја во декември, и повеќе позициони мерења ќе ја зацврстат патеката на орбитата и ќе направат посилен случај за меѓуѕвезденото потекло.

 ком 3

Орбитален дијаграм ја покажува хиперболичната траекторија која C/2019 Q4 ја изминува низ соларниот систем. Кометата е моментално на 2.7 астрономски единици од сонцето и 3.4 астрономски единици од планетата земја. Заслуга: Tony Dunn / CC BY-SA 4.0

Во меѓувреме, сликите покажуваат дека кометата има бледа, но специфична кома и траги од опашка – нешто што Оумуамуа немаше – според кое што се чини дека е комета. Астрономите без сомнение се желни да го добијат целиот спектар на новиот пронајдок со цел да откријат што се соединенија излегуваат од површината.

Засновано на сегашни набљудувања, ексцентричноста на C/2019 Q4 е околу 3.2 и е дефинитивно хиперболична. Објекти со хиперболични орбити се неврзани со Сонцето. Тие најверојатно доаѓаат надвор Соларниот Систем, летајќи големи растојанија да го посетат нашето соседство пред да продолжат во неоткриени делови на универзумот.

Доколку резултатот држи вода, астрономите имаат досега невидена можност да проучуваат потенцијално меѓуѕвезден објект во големи детаљи низ долг распон на време. Засновано на сегашната магнитуда на кометата (~18) и растојанието од сонцето (2.7 астрономски единици), изгледа дека е прилично голем објект – можеби 10km или повеќе зависно од рефлективноста на површината.

Претпоставувајќи дека важи хиперболичната орбита на кометата, таа би требало да доаѓа од насоката на галактичката рамнина на Касиопеја.

Дали ќе постане видливо за аматерски телескопи е непознато во ова време, но може да постане доволно светло за да се појави во астрофотографии. За предвидени позиции и моменталниот орбитален елемент, може да се провери на MPEC 2019-R106.

ком 4

Генади Борисов со неговиот 0.65 метарски телескоп кој го изградил и искористил да ја открие новата комета Заслуги: Генади Борисов.

Откривачот, Генади Борисов, е аматерски фотограф кој работи како инженер во астрономскиот институт во Стернберг. Тој прави свои телескопи со кои што “лови” комети и има откриено седум, како и неколку NEOs. Неодамна го завршил новиот 0.65 метарски телескоп со кој што го открил новиот објект.

Името на C/2019 Q4 најверојатно ќе остане привремено се додека орбитата е посигурна. Името на првиот меѓуѕвезден објект 1I’Оумуамуа’ еволуираше од C/2017 U1 до A/2017 додека финално ја доби назнаката I за меѓуѕвезден (interstellar). Сега кога знаеме дека новиот објект доаѓа од друг ѕвезден систем, може да стане вториот, односно 2I.

Според Бил Греј, креаторот на Guide софтверот за астрометрија, кометата моментално се движи со 41 километар во секунда, што би се покачило до 44 km/s во перихел. На долг рок, доаѓајќи до нас од “бесконечност” и заминувајќи до истото, C/2019 Q4 се движи со просечна брзина од 33 km/s. Овие високи брзини, заедно со хиперболичната орбита на објектот исклучуваат потекло од Ортовиот облак.

ком 5

Ажуриран орбитален дијаграм за кометата виден од различна перспектива од тој прикажан горе. Зелената точка ја покажува позицијата на кометата на 12 Септември. Заслуги: JPL / HORIZONS

Како референца, просечната брзина на ѕвезди релативно на сонцето во соларното соседство е околу 20 km/s. Фактот дека релативната брзина на кометата е значајно повисока индицира дека е неврзана и самостојна. Греј ги обраќа овие проблеми во неговиот FAQ.

На откривање, C/2019 Q4 поседувала умерено кондензирана кома на околу 7’’ со можна 15’’ опашка кон северозапад. Додатни слики од други набљудувачи прикажуваат ѕвезден-лико јадро, јако кондензирана 15’’ кома и потврдена опашка со должина до 50’’. Во средина на октомври е очекувано да достигне магнитуда од 16 која би достигнала врв од 14.7 на перихел.

Првите 10 дена од декември ќе бидат најдобри за аматерски слики пред полната месечина (12 декември) да се вмеша. C/2019 Q4 преостанува утрински објект, движејќи се јужно од Рак до Лав, Секстанс и Кратер.

Превод: Виктор Домазетовски

Извор: skyandtelescope.com

Сподели.