Најдетални набљудувања на материјал во орбита блиска до црна дупка

0

Исклучително чувствителниот инструмент ГРАВИТИ на ЕСО (Европска јужна опсерваторија) дополнително ја докажа долгопостоечката претпоставка дека супермасивна црна дупка демне во центарот на Млечниот пат. Нови набљудувања покажуваат купчиња од гас кои се вртат со 30% од брзината на светлината во кружна орбита непосредно надвор од црна дупка со маса од четири милиони Сончеви маси. Ова е прв пат да се забележи материјал толку блиску до неповрат, како и досега најдеталните набљудувања на материјал кој орбитира толку блиску до црна дупка.

црна дупка

Исклучително чувствителниот инструмент ГРАВИТИ на ЕСО (Европска јужна опсерваторија) дополнително ја докажа долгопостоечката претпоставка дека супермасивна црна дупка демне во центарот на Млечниот пат. Нови набљудувања покажуваат купчиња од гас кои се вртат со 30% од брзината на светлината во кружна орбита непосредно надвор од црна дупка со маса од четири милиони Сончеви маси. Ова е прв пат да се забележи материјал толку блиску до неповрат, како и досега најдеталните набљудувања на материјал кој орбитира толку блиску до црна дупка. Овој преглед користи податоци од симулации на орбитални движења на гас кој се врти во кружна орбита околу црната дупка со 30% од брзината на светлината. Заслуги: ЕСО/Гравитациски конзортиум/Л. Калсада

Научници од конзортиум на европски институции, вклучувајќи ги и ЕСО, го искористија нивниот инструмент ГРАВИТИ, поставен на интерферометарот на Многу големиот телескоп (Very Large Telescope – VLT) за да набљудуваат изблици на инфрацрвено зрачење кои доаѓаат од акрецискиот диск на Сагитариус А*, масивниот објект во срцето на Млечниот пат. Забележаните изблици ја носат долгоочекуваната потврда дека нештото во центарот на нашата галаксија е всушност црна дупка, што е дамнешна претпоставка. Изблиците потекнуваат од материјал кој орбитира многу блиску до хоризонтот на настани на црната дупка, со што ова се најдеталните набљудувања на материјал кој орбитира толку блиску до црна дупка.

Додека дел од материјата во акрецискиот диск – појасот од гас кој орбитира околу Сагитариус А* со релативистичка брзина – може безбедно да орбитира околу црната дупка, се што ќе дојде преблиску е осудено на пропаст под хоризонтот на настани. Најблиското место до црна дупка во кое материјал може да орбитира без притоа да биде вовлечено од оваа огромна маса е познато како највнатрешната стабилна орбита, и забележаните изблици потекнуваат токму од ова место.

„Навистина е вџашувачко да се види материјал кој орбитира околу масивна црна дупка со 30% од брзината на светлината,“ се запрашува Оливер Фул, научник при институтот Макс Планк за вонземска физика (МПЕ). „Огромната чувствителност на ГРАВИТИ ни овозможи да ги набљудуваме акрециските процеси во живо и во неприкосновен детал.“

Овие мерења беа овозможени од меѓународна соработка и најсовремени инструменти. Инструментот ГРАВИТИ кој го овозможи нашето работење ја комбинира светлината од четири телескопи од Многу големиот телескоп на ЕСО за да создаде виртуелен супертелескоп со дијаметар од 130 метри, и досега веќе е искористен за да ги испита одликите на Сагитариус А*.

Годинава ГРАВИТИ и СИНФОНИ, уште еден инструмент поставен на Многу големиот телескоп, му овозможија на истиот тим прецизно да го измери блиското прелетување на ѕвездата Ѕ2 додека поминуваше низ екстремното гравитациско поле близу Сагитариус А*, и за прв пат ги открија ефектите предвидени од Ајнштајновата општа релативност во вакви екстремни околности. Исто така, силни инфрацрвени зрачења беа забележани при блиското прелетување на Ѕ2.

„Внимателно ја набљудувавме Ѕ2, а нормално и дека ја припазувавме Сагитариус А*,“ објасни Фул. „Имавме среќа додека набљудувавме, бидејќи забележавме три светли изблици околу црната дупка – среќна случајност!“

Ова зрачење, од високо енергични електрони блиску до црната дупка, се изрази како три истакнати светли изблици, и целосно се совпадна со теоретските предвидувања за жаришта кои орбитираат блиску до црна дупка со четири милиони соларнимаси. Се мисли дека изблиците потекнуваат од магнетски заемодејства во жешкиот гас кој орбитира многу блиску до Сагитариус А*.

Рајнхард Гензел, од институтот Макс Планк за вонземска физика (Max Planck Institute for Extraterrestrial Physics – MPE) во Гарчинг, Германија, кој го предводеше истражувањето, објасниЧ „Ова отсекогаш беше еден од проектите кои ги посакувавме но не се осмелувавме да помислиме дека ќе се оствари толку брзо.“ Обраќајќи се на долгопостоечката претпоставка дека Сагитариус А* е супермасивна црна дупка, Гензел заклучи дека „резултатот е одлучна потврда на моделот на црна дупка.“

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: phys.org

Сподели.