Летенка 2019

0
л10

Ливада каде се поставуват телескопи на Летенка

Овогодишната астрокамп Летенка, немаше баш добар избор на датум за самото одржување. Имено, поради обврските на организаторите како и поради слободното место во спортскиот  центар Летенка, каде и се одржува астрокампот, беше одржан во период со речиси полна Месечина. Другиот проблем беа и временските услови. Имено, само првата вечер времето беше колку толку ведро, додека другите две скоро и да не можеше да се набљудува.

л2

Доаѓање на Астрокампот на Летенка

Нашето друштво овој пат испрати двајца членови претставници – Борче Милчевски и Радан Митровиќ. Со себе го носевме и најновиот телескоп, Скајвочер Старгејт 450. Посебен интерес се јави за тој телескоп на Летнка и беше и најавен неколку недели пред да дојдеме. За жал имавме можеби околу 3 часа во втората вечер за набљудување. Ги искористивме максимално што можевеме и набљудувавме воглавно планети и Месечината, кои беа навистина добри. Сиингот беше добар така што уживавме во Големата црвена дамка на Јупитер и во прстените на Сатурн.

л3

Помош околу местење на новиот телескоп на ливадата на Летенка

Подоцна набљудуваме и неколку од познатите објекти од длабокото небо. Што поради големата Месечина, а што и поради светлинксото загадување – не бевме во можност да овие далечни објекти од длабокото небо ги видиме онака добро како што ги гледавме планетите.

л5

Двојац на соништата

Некаде после полноќ моравме да прекинеме со набљудување заради облаците кои го прекрија речиси целото небо над Летенка .

л4

Наместен телескоп подготвен за набљудување.

Утредента прогноза не беше воопшто добра дури се прогнозираше и дожд, па затоа и го спакуваме телескопот и го ставиме во кола каде е побезбеден од дождот.  Прогнозата се оствари и имавме еден пороен дожд кој врнеше повеќе од еден час.

л6

Предавања на Летенка се одржуват и дење …

л7… и ноќе

Но, за Летенка тоа не е некој проблем затоа што има многу предавања кои можат да се слушнат, како и да се ужива во гастрономските активности кои ги приредија домаќините. Имавме можност да пробаме исклучително добар  гулаш од Војводина кој го подготвил Јарослав Грња познатиот и долгогодишен гастро/астроном.

л8

Ла Летенка со години работи и мобилна книжара каде може да се купат научна литература и белитристика

л9

Гастрономки специјалитети. Гулаш а ла Јаро

И тоа би било се за овогодишната Летенка. Многу добри предавања од професори, но и од аматери астрономи. Многу добро дружење и телескопски разговори како и секоја година. Времето баш не ни одеше на рака, но се друго си беше она што од Летенка и се очекува. Догодина е 20години на Летенка и се надевам дека ќе ја посетиме во поголем број на членови од нашето друштво.

л11

Пороен дожд за време на астрокамп

л12

Поздрав со пријатели од астрокампот.

л13

Одиме за да се вратиме. Се гледаме на Летенка 2020

Сликите се од Александар Зоркиќ, Никола Косановиќ, Јарослав Грња и Марко Савиќ

Радан Митровиќ

Сподели.