Коњско 2014

0

Иако од почеток не навестуваше, сепак овогодишениот астрокамп стана најмасовниот којшто го има организирано Скопското астрономско друштво во својата историја. 9 автомобили и 32 луѓе е билансот на овогодишниот астрокамп во Коњско.

Панорама од погледот од нашиот камп

Панорама од погледот од нашиот камп

Верувам дека на многумина ќе им останат во убаво сеќавање овие три дена и три ноќи и дека најголемиот број од нив ќе дојдат и до година. Покрај подготовките за астрономскиот дел од кампот, паралелно се одвиваа подготовки за гастрономскиот дел, а претседателот со првата дама ни подготвија одличен квиз. Имавме и неколку предавања поврзани со астрономија и јога вежби.

Групна нормална

Групна нормална

Групна (не)нормална

Групна (не)нормална

Во гастромско-забавниот дел, главен и одговорен беше Виктор кој по реакциите на учесниците заврши одлична работа со подготвување на разни специјалитети со печурки од неколку вида. Подготовката на коктели исто така изгледа дека е специјалност на Виктор.

Шеф на кујна

Шеф на кујна

Кој истовремено има функција и на шеф на барот

Кој истовремено има функција и на шеф на барот

 

 

 

 

Колку што можев да забележам, Томи пак беше главен околу скарата. Во комбинација на скарата со коктелите и одлични гласовни способности на Томи и Марија и инструментите на Филип, забавата траеше до доцна во ноќта.

Лево: шеф на скара. Десно: шеф на оркестар.

Лево: шеф на скара. Десно: шеф на оркестар.

Преку ден главно имавме слободни активности на плажа и езеро.

На езеро

На езеро

На плажа

На плажа

Маја на заинтересираните и што е уште поважно, оние што беа будни во раните утрински часови, им одржуваше часови по јога.

Slika-05-Joga-1

Ранобудниците вежбаат јога

Slika-06-Joga-2

Поздрав на сонцето, ѕвездите или само обично јога-истегнување. Маја помагај за опис на сликава.

Десет луѓе со два чамци отидоа да го посетат островот Голем град.

Екскурзија до Голем град

Екскурзија до Голем град

Островот Голем град на Преспанското езеро

Островот Голем град на Преспанското езеро

Пеликани и корморани

Пеликани и корморани

Во вечерните часови покрај гастро, имаше и астро-активности. Фросе држеше предавање од астрофотографија, јас држев предавање за астрохопинг, а Мартин за Меѓународната вселенска станица.

Марија со мала помош на Мартин направи одличен квиз во кој земаа учество 8 тимови.

Квиз-мајстори

Квиз-мајстори

По завршување на квизот беа доделени награди, каде покрај интересните беџови беа доделени и ротирачки астрокарти, како и неколку астро-постери и астрономски списанија од странство.

Наградите баш ни се супер

Наградите баш ни се супер

Победници на квизот

Победниците на квизот

Беа доделени и награди за ангажман во подготвување на забави, за перспективен набљудувач и за најактивен нов член. Тие награди ги освоија Виктор, Дане и Маја, соодветно.

Најнабљудувач - Дане!!!

Најнабљудувач – Дане!!!

The Party Man!

The Party Man!

Нашата јога инструкторка

Нашата јога инструкторка Маја

Сите заедно + Луси (кучето)

Сите заедно + Луси

Во делот за набљудување поставивме два телескопи и двоглед. Двогледот на Искра одлично ја заврши својата работа и морам да ја издвојам глетката на заоѓање на маглина Лагуна зад ридот. Дане на Орионот од 6-инчи се покажа во одлично светло и мислам дека полека, но сигурно, сериозно навлегува во стархопингот.

Најактивен сепак беше големиот добсон телескоп и во две од трите вечери ни покажа многу интересни објекти. Би ги издвоил Плутон, сателитиот на Нептун, Тритон и маглината Череп. Беа набљудувани и многу други објекти: од двојни ѕвезди до најдалечни галаксии и разни маглини.

Додека набљудувавме со телескоп видовме и многу силен метеор кој за среќа Софија го улови со својот фотоапарат.

Метеорот! Авторски права: Софија Спировска

Метеорот! Авторски права: Софија Спировска

Фросина пак направи исклучително убава фотографија на Млечниот пат која сериозно конкурира за најастрофото за оваа година.

WoW фото! Авторски права: Фросина Илиевска

WoW фото! Авторски права: Фросина Илиевска

Александар за сега ни прати само една фотографија од стартаил, но се надевам дека наскоро ќе видиме и други фотографии.

Star trail од Коњско. Авторски права: Александар Алексов

Star trail од Коњско. Авторски права: Александар Алексов

Томи и Мартин имаа некој проблеми со фотосетапот, па затоа направија само една фотографија од М27 која очекуваме да ја видиме што е можно поскоро. За новата камера набавен е и нов ладилник кој Томи успешно го инсталира во Коњско и камерата би требало да овозможи независност на работа од мрежна струја, односноќе работи само на акумулаторските батерии. Наскоро очекуваме и слики од Сонцето и неговите протуберанции.

Астрофотографите ја монтираат камерата

Астрофотографите ја монтираат камерата

Потоа дојде време да си заминеме.

Не им се одеше, ама некој мора да работи...

Не им се одеше еден ден пред сите, ама некој мора да работи…

Лансирање за збогум на уште еден прекрасен камп

Лансирање за збогум на уште еден прекрасен камп

 

Толку за овој општ извештај за тоа како си поминавме оваа година во Коњско, а кога ќе ги комплетираме останатите астофотографии, ќе ги објавиме на нашата страна и на социјалните мрежи.

Slika-24

Текст: Радан Митровиќ

Сподели.