Инженери предлагаат прв физички возможен модел на варп погон

0

Идејата за варп погон кој ќе не носи низ вселената со брзина поголема од онаа на светлината е долго време фасцинација за научниците и фановите на научната фантастика. Иако се уште сме далеку од надминувањето на универзалната граница на брзината тоа не значи дека не може да се движиме по брановите на закривеното простор-време.

Група на физичари составија прв предлог за физички варп погон базиран на концепт развиен во 90тите. Според нив за да функционира нема потреба да прекрши ниеден од законите на физиката.

варп

2D визуализација на погонаот на Алкубиере, те ширење и контракција на простор-времето. Заслуги: AllenMcC/Wikimedia, Creative Commons

Теоретски гледано варп погоните го закривуваат и менуваат обликот на простор-времето за да ги потенцираат разликите во времето и растојанието кои под одредени околности може да им дозволат на патниците да изминат одреден пат побрзо од светлината.

Една од овие околности е објаснета пред повеќе од четврт век од мексиканскиот теоретски физичар Мигуел Алкубиере. Неговата идеја од 1994 вели дека едно вселенско летало придвижено од таканаречениот Алкубиере погон би можело да патува побрзо од светлината. Проблемот е што му треба многу негативна енергија на едно место, нешто што не е возможно според сегашното разбирање на физиката.

Оваа нова студија нуди решение. Според истражувачите од независната истражувачка група „Применета физика“ од Њујорк возможно е да се направи варп погон без замислената негативна енергија и покрај тоа што би бил малку поспор од очекуваното.

„Отидовме во друга насока во однос на НАСА и останатите. Нашето истражување покажа дека има неколку други класи на варп погони во општата теорија за релативноста“ вели астрофизичарот Алексеј Бобрик од универзитетот Лунд во Шведска. „Конкретно формулиравме нова класа на решенија за варп погонот на кои не им треба негативна енергија поради што и се физички возможни.“

Зошто негативната енергија е толку важна? Потребата за негативна енергија постои поради некои од проблемите во теоријата за генералната релтивност во однос на патувањето побрзо од светлината. Таа дозволува просторот да се шири и контрахира побрзо од светлината додека се што се наоѓа внатре во ова

закривување сепак се движи покорувајќи се на универзалната граница за брзината.

Проблемот е во тоа што негативната енергија која е потребна постои само во флуктуациите на квантно ниво. Додека не откриеме начин како да собереме количина со маса на Сонцето, овој вид на погон е невозможен. Новото истражување нуди нов модел на погон кој се служи со моќно гравитационо поле. Гравитацијата би била одговорна за закривувањето на простор-времето така што течението на времето во и надвор од машината со варп погон би било значајно различно.

Сепак рано е да се резервираат билети. Потребната маса за да се предизвика приметлив гравитационен ефект на простор-времето би требало да е барем колку на една планета. „Доколку ја земеме масата на Земјата и ја компресираме во школка со големина од 10 метри, корекцијата на времето внатре се уште би била многу мала, само еден час во годината“ вели Воврик за New Scientist.

Едно друго интересно откритие од истражувањето се однесува на обликот на варп погонот. Пошироко повисоко летало би барало помалку енергија од долго, тенко летало. Иако патувањето кон далечни ѕвезди и планети е се уште недостижно во реалноста, новата студија е најнов додаток во растечкиот фонд на истражувања кои сугерираат дека принципите на варп погоните се научно издржани.

Истражувачите признаваат дека се уште не се сигурни како точно да ја состават технологијата која ја имаат опишано во нивниот труд. Сепак тие се сигурни дека во далечната иднина варп погоните ќе бидат реалност.

„Иако се уште не можеме да ја надминеме брзината на светлината, не мора да го сториме тоа за да станеме меѓуѕвезден вид“ вели Гиани Мартире, еден од научниците од групата позади новата студија. „Нашиот варп погон има потенцијал да не обедини сите“.

Истражувањето е објавено во Classical and Quantum Gravity.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.