Хало од 22°

0

Пред две недели на небото можевме да видиме светол круг околу Месечина и Сонцето. Тоа е атмосферски феномен зад кој стои феномен на прекршување на светлина од Месечина и Сонцето низ ситните кристали високо над нашите глави. Подолу е објаснување како тој круг се формира и зошто.

Прекршувања на зраци

Зраците кои поминуваат низ две страни на призми кој формираат агол од 60° помеѓу себе, скршнуваат од 22° до 50°.

halo 3

Патот на зраците кај хало со радиус од 22 º низ лошо ориентирани хексагонални призматични кристали. Зраците поминуваат низ страни под агол од 60 º . Лошите ориентации формираат хало.

Минимална отстапување

Повеќето зраци скршнуваат приближно 22° за да го формираат светлиот внатрешен раб на халото.Ова е чест ефект на „минимално отстапување„, кој се случува во формацијата на хало и виножито. Зраците се групираат заедно близу аголот од каде скршнале најмалку. Зраците со минимално отстапување се симетрични, тие влегуваат и излегуваат од кристалот по ист агол и зракот кој поминува внатре во кристалот е паралелен на страната од призмата.

Зраците кој се прекшиле повеќе го создаваат надворешната светлина на халото која слабее во интензитет со зголемување на аголното растојание од сонцето се дури е незабеллежив.

halo 2

22° хало се протега од 22° до 50° – диск со дупка – но е најсветол кај внатрешниот раб

Нема светлина внатре во 22°

Зраците на свтелината не се рефлектирани низ помали агли, па површината во внатрешноста на халото е темна-„дупка во небото„.

Потекло на боите

Црвената светлина е прекршена послабо во однос на сите други бои и затоа внатрешниот раб на халото е црвеникаст понекогаш портокалов и жолтеникаво-син. Сите освен црвената се нејасни и избелени бидејки значително се преклопуваат.

Форма на кристалите

Вистинските форми на кристали кои го предизвикуваат халото се непознати. Како што кристалите се движат надолу во облаците влечните сили кои сакаат да ги подредат се силни. Тешко е да се објасни како обични плочи или долги колони можат да бидат толку лошо ориентирани за да можат да го создадат халото.
Рамнострани призми со просечна должина поверојатно можат да бидат лошо ориентирани со тие не се многу чести. Не се најдени во голем број при испитувањето на кристали за време на хало.
Големи несовршени колони и/или групи на колони можеби можат да го создадат халото од 22° (според Walter Tape). Сепак, кристалите кои ги создаваат најфините и најшарените 22° халои сеуште не се познати. Најчестите халои се и веројатно најмалку разбрани.

halo 1

Меесечев хало фотографиран од Скопје. Заслуги: Христијан Петрески

Превод: Христијан Петрески

Извор- atoptics.co.uk

Сподели.