Феномени што можете да ги видите деновиве на небото и да ве доведат во заблуда

0

За време на овие денови на пандемија многумина сме приморани да седиме дома во карантин. Исто така, овие денови кога е убаво времето, многумина излегуваме на тераси, или во двор (ако го имаме), и доколку седењето надвор го продолжиме до вечерните часови, почнуваме да се занимаваме со одамна заборавената човечка активност – набљудување на небото и небесните објекти. Но, живееме во модерна технолошка ера, па така на небото немаме само небесни природни објекти, туку и вештачки, од човек направени објекти, кои ги поставуваме во таканаречена ниска орбита (од некои си 300-400 километри над нашите глави), и кои ни служат за разни работи долу на Земјата.

Овие денови добивме неколку пораки со прашања за “чудни“ објекти кои се движат по небото, па тука ќе се обидам да ви ги појаснам мистериите (до колку сте ги имале).

венера

Планета Венера снимена од месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Фотографија : Радан Митровиќ

Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонце и месечина нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако знаете нејзина точна локација. Во народ е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што навестуваат доаѓање на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудување на Венера или просто незнаењето.

сл1

The “constellation” of Space X Starlink satellites was spotted in Derbyshire @MTNIELSON

сл2

SpaceX is set on Monday to launch its third batch of 60 mini-satellites into orbit, part of its plans to build a giant constellation of thousands of spacecraft that will form a global broadband internet system. PHOTO: EPA-EFE

Втори се сателитите, а особено новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 ( и со букви дванаесет илјади) само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така да можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз, во ред еден зад друг, и добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата.

исс

If you’re in the right place at the right time you have a good chance of spotting the ISS. (Flickr: Paul Willows)

Но, не се само овие сателити. На небото се гледаат многу други сателити, и можете да ги познаете по тоа што релативно споро се движат и не трепкаат. Ако трепкаат, тогаш се работи за авион. Еден од најсјајните вештачки сателити е Меѓународната Вселенска Станица (МВС), која кога е блиску до нас има сјај речиси колку Венера.

мп

Нашата галаксија Млечен Пат. Фотографија : Горан Петров

Ако се наоѓате некаде надвор од големи урбани средини каде има големо светлинско загадување, можете да видите и еден долг облак кој се протега низ целото небо, и кој овој период е видлив во раните утрински часови. Се работи за нашата галаксија, т.е. Млечниот Пат. Ако не сте го виделе, тогаш вреди и да се разбудите и да го видите. Ако не, почекајте лето. Тогаш ќе се гледа веднаш по стемнување и речиси цела ноќ ќе може да го гледате.

јсмм

Јупитер, Сатурн, Марас и Месечина, снимени на 16ти април 2020та година околу 5ч на сабајле. Фотографија и обработка : Радан Митровиќ

Но, ако веќе сте се разбудиле рано, тогаш останете да ги причекате и трите планети пред изгрејсонце. Некаде после 3:30 часот наутро, во правец кон југоисток, можете да видите три планети. Најсјајен е Јупитер, со млечно жолто-бел сјај, а малку полево од него е Сатурн, кого можете да го препознаете како послаба ѕвезда која не трепери, со жолтеникава боја. Уште малку полево и малку подолу, се наоѓа планетата Марс, која лесно ќе ја познаете оти свети со црвенкаста боја, и исто така не трепери, за разлика од околните ѕвезди.

Се надевам дека успеав да ви разрешам некоја од загатките, ако сте ги имале деновиве. Ако се појават други нешта што ве бунат, слободно пишете ни на мејл, или на нашата фејсбук страница, и ќе се обидеме да ви одговориме и да ве разувериме дека не се вонземјани.

IT’S NEVER ALIENS

 

Радан Митровиќ

Сподели.