
Заслуги: Astronomy Now
Во другата половина од оваа декада ќе се случи вистинска гужва во околината на Марс. На него, односно во неговата орбита, во моментов се наоѓаат седум оперативни апарати: најстариот меѓу нив е лансиран уште во 2001 година. Освен оние на НАСА (Mars Odyssey те. Opportunity, MRO, Curiosity и Maven) тука се и ESA (Mars Express) и Индија (Mars Orbiter Mission).
Всушност оваа флота добила појачување: таму пристигна ExoMars Trace Gas Orbiter (TGO), од кого се одвои лансерот Скјапарели (Schiaparelli), чијашто цел е да се спушти на површината на Црвената планета (конкретно Meridiani Planum). Оваа активност се очекува да се случи овие денови.

Откао НАСА го откажала партнерството за оваа мисија, настапиле Русите и донирале ракета-носач. Заслуги: ibtimes.com
По неколку месеци сложени маневри, откако TGO ќе заземе стабилна орбита, ќе бара слоеви на воден мраз под површината на планетата. Исто така, ќе ја истражува и атмосферата во потрага по метан. Метанот претставува резултат исклучиво на геолошки и биолошки процеси и затоа е важно да се дознае како истиот се нашол во атмосферата на Марс. TGO ќе служи во комуникацијата помеѓу контролата од Земјата и идните европски мисии на површината на Марс.
Целта на модулот Скјапарели, пред сè, е тестирање на технологијата со која во иднина ќе се спуштаат леталата на површината од овој свет. TGO е натоварен со инструменти, но Скјапарели ќе трае неколку дена бидејќи залихите на енергија се многу ограничени. Тоа не значи дека приказната ќе остане на слетување: Скјапарели со себе носи сет од инструменти со кои ќе ја бележи брзината на ветерот, влагата, притисокот и температурата.

Макета на идниот ровер е претставена на јавноста на научниот собир во Кембриџ, 2015 година. Заслуги: Wikipedia
TGO и Скјапарели се дел од долга приказна: станува збор за заедничка двојна мисија на Европската Вселенска агенција (ESA) и Руската Вселенска агенција (Roskosmos) под името ЕгзоМарс (ExoMars).
Првиот дел од мисијата ја сочинуваат TGO и Скјапарели, лансирани на руската ракета Протон (Proton). Другиот дел ќе следува во 2020 година кога на истата ракета кон Марс ќе полетаат рускиот лендер и европскиот ровер, чијашто цел ќе биде потрага за живот, минат или сегашен, на и под површината на Марс.
ExoMars: Од одделување до слетување
Превод: Александра Бошкова
Извор: Znanost