Двогледи

0

Двогледи во астрономијата главно се користат ако помагала за полесно наоѓање на некои небесни тела. Главни карактеристики на еден двоглед се неговото зголемување и дијаметарот на неговите леќи. Притоа, при описот на еден двоглед прво се дава неговото зголемување, а потоа дијаметарот на леќите изразен во милиметри.

Принципот на кој работи еден двоглед е многу сличен на оној кај телескопите рефрактори за кои ќе стане збор малку понапред, па затоа нема да се задржуваме многу на тоа тука.

Двогледи

Сподели.