Две Уранови месечини се на пат да се судрат за милион години

0

За само милион години, две Уранови месечини ќе се судрат една со друга откако ќе застранат од нивните орбити и ќе се испречат една пред друга, при што и двете целосно ќе се уништат. Ова веројатно и не е првиот пат како ова се случува околу планетата, а најверојатно нема да биде ни последниот.

Две Уранови месечини се на пат да се судрат за милион години

Уран има 17 месечини, од кои девет орбитираат збиено, во тесна траекторија. Заслуги: NASA

Во истражување кое треба да биде објавено во списанието The Astronomical Journal, истражувачите за првпат ја пресметале масата и густината на една од помалите месечини на Уран, Кресида, која кружи околу планетата во една од најгустите сателитски групи во Сончевиот Систем, и со овие информации ги пресметале нејзините веројатни идни движења. За жал, работата не изгледа добро за малиот сателит.

Познати како групата Портиа, овие девет месечини орбитирт околу Уран во неверојатно тесна орбита, на само 18.000 километри едни од други. За споредба, нашата Месечина орбитира на далечина од 380.000 километри.

Излегува дека Кресида нема некоја особена густина, и бидејќи нејзината орбита е претрупана со други, погусти месечини кои посилно ја влечат во нивна насока, веројатно е дека овие поголеми месечини ќе ја повлечат Кресида надвор од нејзината орбита во орбитата на една друга Уранова месечина, Дездемона.

Освен нејзината орбита и дијаметар, речиси ништо друго не е познато за Кресида, но научниците успеале да ја пресметаат тежината на малото небесно тело според тоа каков ефект има таа врз еден од прстените на Уран. Научниците ја проучиле тректоријата на овој прстен, попознат како Ета, и спротивно на нивните очекувања, откриле дека формата на прстенот е малку триаголна. Се покажало дека ова пореметување е предизвикано од гравитацијата на малата Кресида.

Тие откриле дека честичките од кои се состои прстенот правеле три круга околу Уран за секои два круга кои ги правела Кресида, што им овозможило да ја пресметаат нејзината маса. Заклучокот е дека сателитот има маса 300.000 пати помала од таа на нашата Месечина, и неговата густина е 86 проценти од онаа на водата, што значи дека сателитот би можел да плови во вода! Научниците мислат дека месечината е веројатно карпеста, но бидејќи е толку мала, веројатно нема доволно гравитација за целосно да се собере и соедини, заради што има мала густина.

Ова не се добри веси за Кресида. Сега се мисли дека поголемата и погуста месечина Дездемона, која орбитира на само 900 километри од Кресида, ќе ја извлече од орбитата и двете месечини ќе се судрат. Исто така, се мисли дека ова е судбината на на уште еден пар во групата Порција, Купидон и Белинда, додека камените остатоци во еден од прстените веројатно се остатоци од сличен настан во минатото.

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: IFL Science

Сподели.