Дали се метеоритите радиоактивни?

0

Дали метеоритите испуштаат висок степен на радијација кога паѓаат на Земјата? Дали треба да се преземат мерки на претпазливост при ракување со нив?

Во просек, секоја година паѓаат околу 500 метеорити на Земјата. Било кои радиоактивни елементи содржани во метеоритите не се позначајни отколку во обичните земјени карпи. Иако метеоритите не се штетни за луѓето, ние всушност можеме да бидеме прилично штетни за нив. Нашите раце се прекриени со масла и микроби, кои можат да го контаминираат метеоритот и да ја деградираат неговата површина.

метеорит радио

Научниците од Програмата за пребарување на метеорити на Антарктикот собираат метеорит на Милер Рејнџ на Антарктикот. NASA/JSC/ANSMET

Без разлика дали активно барате метеорити или случајно наидете на еден, треба внимателно да се справите со него. Можете да го подигнете со чисти ракавици, клешти, па дури и со алуминиумска фолија. Откако ќе ја соберете вашата вселенска карпа, чувајте ја на чисто и суво место. Користење на кеса со патент е совршен начин да го заштитите од влажност.

Но и покрај тоа, тешко е да се знае дали навистина сте пронашле метеорит. Можете да си поставите неколку едноставни прашања за да одредите дали сте пронашле метеорит или не:

  • Дали примерокот е црн или кафеав и мазен, без дупки или меурчиња на површината?
  • Дали примерокот е цврст и компактен?
  • Дали примерокот е тежок во споредба со „нормалните“ карпи со иста големина?
  • Дали примерокот е целосно направен од метал или се забележуваат метални дамки на делови од скршена, исечена или полирана површина?

Ако одговоривте потврдно на сите овие прашања и сте заинтересирани да дознаете повеќе за вашиот примерок, треба да контактирате со вашата локална канцеларија за геолошки истражувања, универзитетскиот оддел за геологија или музејот за природна историја за помош при идентификување на вашиот примерок.

Превод: Софија Спировска

Извор: astronomy.com

Сподели.