Дали месечината е создадена при судир на Земјата со друга планета? Германските научници велат „да”

0
Хипотетички прка на „големиот судар”. Заслуги: NASA/JPL-CALTECH

Хипотетички приказ на „големиот судир”. Заслуги: NASA/JPL-CALTECH

Постојат многу фантастични теории за тоа како е формирана Месечината, вклучувајќи ги и тие од типот дека таа е всушност огромно вселенско летало во хибернација. Од неколку, малку повеќе научни хипотези, една која важи за водечка тврди дека Месечината е создадена од остатокот кој се формирал по судирот на тогашната планета Земја и протопланетата која научниците ја нарекуваат Теиа (Theia) така наречена по грчката богиња која била мајка на Селена, божицата на Месечината. Теоријата за „големиот судир”, како што е познато, беше оспорувана од недостатокот на конкретни докази, но сега група научници од германскиот универзитет тврдат дека имаат пронајдено доволно. Претходните анализи на месечевите карпи се потврија дека се идентични со карпите на Земјата, кои се во контрадикција со теоријата во која треба да се најдат хемиски траги на планетата странец.

Вооружени со пософистицирани спектрометри за мерење на маса, германскиот тим ги преиспита месечевите карпи и откри мерливи разлики во соодносот на кислородните изотопи. Едноставно кажано, примероците имаат малку повисока концентрација на кислород-17 (17O) од Земјините карпи, што им дава за право на истражувачите да тврдат дека тоа е доказ за улогата на Теиа во формирањето на Месечината.

Некои научници се малку скептични, тврдејќи дека очекувале порадикални разлики во хемискиот состав помеѓу Земјата и теоретската Теиа. Германскиот тим, исто така, имаше само мал примерок со кој можеше да работи, но водечкиот истражувач е прилично убеден: „Ова ја потврдува хипотезата за големиот судир. Вие навистина не може да го докажете ова на еден или друг начин со оглед на тоа дека доцниме околу 4,5 милијарди години за да се знае за сигурно, но ние започнавме истражување кое праќа порака до останатите истржувачи од областа на оваа теорија, со надеж дека имаат нешто да додадат.”

Превод: Боро Костевски

Извор: Sciencemag

Сподели.