Циклус предавања на популарни астрономски теми 2017

0

И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми. Циклусот започнува на 19.10.2017 (четврток), а предавањата ќе се одржуваат секој четврток, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Циклус предавања на популарни астрономски теми 2017

Предвидени се 7 предавања од различни области во астрономијата, со актуелни и интересни теми. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран што за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе.

Распоредот на предавања* е следен:

  • 19.10.2017Темниот Универзум
  • 26.10.2017 – Гравитациски бранови – новата златна треска
  • 02.11.2017Црни дупки
  • 09.11.2017 – Колонизација на Марс
  • 16.11.2017Раѓањето и смртта на Универзумот
  • 23.11.2017Дали сме слетале на Месечината?
  • 30.11.2017Антички опсерватории

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари. За членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари од предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

За повеќе информации слободно пишете ни на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.

Ве очекуваме!

*Распоредот е подложен на промени. Сите промени ќе бидат објавени на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на САД.

Сподели.