Чудни радио сигнали ги збунуваат астрономите

0
Rogelio Bernal Andreo (DeepSkyColors.com)

Rogelio Bernal Andreo (DeepSkyColors.com)

Еден од најголемите светски радио-телескопи слуша гласови – за прв пат друга голема чинија фатила еден од мистериозните „брзи радио-рафали“ (FRBs) што ги збунуваат астрономите кај радио-телескопот Паркс (Parkes). Откритието потврдува дека овие рафали навистина доаѓаат од Вселената.

Минатата година астрономите открија четири рафали фатени од славниот австралиски телескоп. Бидејќи секој од нив траел околу една милисекунда другите телескопи немале време да ја проверат истата локација, па бидејќи ниту еден друг телескоп немал откирено нешто слично се јавил сомнеж дека можеби нешто локално се меша со телескопот.

Но, сега 305–метарскиот телескоп Аресибо (Arecibo) открил сличен рафал додека додека барал пулсари. Рафалот се случил во 2012 г.,но не бил приметен тогаш. Ова откритие е важно бидејќи ги елиминира сомнежите дека овие радио рафали се навистина од космичко потекло. Рафалите фатени од Паркс биле повеќе од 40 степени над галактичката рамнина сугерирајќи дека скоро сигурно доаѓаат надвор од Млечниот пат. Освен тоа, различни фрекфренции стигнуваат во времиња кои благо се разликуваат. Ова сугерира дека брановите патувале екстензивно низ јонизиран медиум во кој било кое електромагнетно зрачење се успорува. Пократките бранови должини се повеќе успорени, како што сината светлина повеќе се одложува во стакло и е позакривена од призма отколку црвената.

Се смета дека рафалите на Паркс доаѓаат од 9 милијарди светлински години оддалеченост, што значи дека се предизвикани од моќен извор. Досегашните теории вклучуваат црни дупки кои испаруваат, магнетарски одблесоци и спојување на неутронски ѕвезди. Но рафалите не се поврзани со познатите рафали на гама зрачење за кои се дадени истите објаснувања.

Со само неколку набљудувања од светските телескопи се очекува дека рафалите се многу ретки, но со пресметување на површината на небото истражено со доволна осетливост за да се детектираат овие настани се претпоставува дека 10,000 се случуваат секој ден.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFLS

Сподели.