Бакарен блок поставува рекордно ниска температура

0
рекордно ниска температура

Бакарен блок е изладен на рекордно ниска температура за нешто со негова големина. Заслуги: Istituto Nazionale di Fisica Nucleare

Блок од бакар бил изладен до -273,144 Целзиусови степени и температурата била одржана 15 дена, со мала помош од древните Римјани. Постигнувањето постави нов рекорд за студени температури на макроскопски објект.

Според третиот закон на термодинамиката, не е возможно да се постигне температура од нула Келвинови степени (или -273.15 Целзиусови степени), но сепак постојат обиди ова да се достигне. Топлината претставува енергија на вибрацијата на атоми или молекули, а на апсолутна нула молекули престануваат да се движат. Рекорди за ниски температури се постигнуваат најчесто со ласери кои ги сопираат малите примероци од атоми.

Користејќи испарувачко ладење се ладат атоми од родиум до 0.003 Келвини, а потоа се користат ласери за да се смират атомите. родиумовите атоми биле изладени до помалку од милијардитина од степен. Процесот доби Нобелова награда за физика во 1997 и постави темели за друга истрага која ја доби истата награда за 4 години.

Потребни се добри ласери за да се изладат 400 килограми бакар на таква ниска температура, но опсерваторијата CUORE (Cryogenic Underground Observatory for Rare Events) во Италија го излади блокот до 0.006 Келвинови степени. Тие го затвориле материјалот во контејнер кој е опишан како уникатен по димензии, температури, материјали и начин на изработка кои гарантираат ниски нивоа на радиоактивност.

Блокот не се користи за поставување рекорди, туку за пронаоѓање на ретки форми на радијација и непотврден процес наречен двојно бета распаѓање без неутрина. Радиоактивни случки можат да се детектираат преку малото зголемување на температура кој ќе бидат осетени од 1000 телур диоксидни кристали.

Мора да се потиснат различни видови на радијација од средината за да се сопре затоплување и за да се намалат нивоата на бука за да можат да се набљудуваат ретките процеси кога ќе се случат. Ова се постигнува најдобро со оклопи од олово. CUORE го добиле нивното олово од потонат римски брод. Да не било потонувањето, металот би се користел за правење монети, водени цевки, или муниција за чатали.

Најниската температура која се појавила во Универзумот без човечка интервенција се наоѓа во маглината Бумеранг (Boomerang) и изнесува околу 1 Келвин.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.