Научниците го открија потеклото на транс соларниот објект – Оумуамуа

0

Во 2017 година беше откриен првиот меѓуѕвезден објект надвор од нашиот Сончев систем преку астрономската опсерваторија Pan-STARRS на Хаваи. Името „ Оумуамуа “ на хавајски значи „извидник“ или „гласник“. Објектот беше како комета, но со одлики што беа доволно чудни за да и пркосат на било која класификација.

Двајца астрофизичари од Државниот универзитет во Аризона, Стивен Деш и Алан Џексон од школата за истражување на земјата и вселената, пробаа да ги објаснат необичните одлики на „ Оумуамуа “ и утврдија дека тоа веројатно претставува парче од  планета слична на Плутон од друг соларен систем. Нивните откритија неодамна беа објавени во пар трудови во АГУ Џурнал за геофизички истражувања: Планети (AGU Journal of Geophysical Research: Planets).

„Од многу аспекти’ Оумуамуа наликуваше на комета, но беше доволно чудна и мистериозна на неколку начини, што шпекулациите беснееја за тоа што е навистина ова ”, рече Деш, кој е професор на школата за истражување на земјата и вселената.

Од набљудувањата на објектот, Деш и Џексон утврдиле неколку карактеристики на објектот кои се разликувале од очекуваните карактеристики на комета.

Во однос на брзината, објектот навлегол во Сончевиот систем со брзина малку помала од очекуваната, што укажува на тоа дека не патувал во меѓуeѕвездениот простор повеќе од милијарда години (или приближно толку години). Во однос на големината, неговата форма на палачинка беше порамна од било кој друг познат објект во Сончевиот систем.

Тие, исто така, забележаа дека додека објектот се здоби со мало „поттуркување“ подалеку од сонцето („ракетен ефект“ вообичаен кај кометите, бидејќи сончевата светлина го загрева и испарува мразот во кометата), туркањето беше посилно од предвиденото. Конечно, на објектот му недостасуваше гас што може да се забележи, што обично се прикажува преку опашката на кометата. Се на се, објектот многу наликуваше на комета, беше различен од било која комета што некогаш била забележана во Сончевиот систем.

Деш и Џексон тогаш претпоставија дека објектот е направен од различни видови на мраз и тие пресметаа колку брзо секој од нив ќе сублимира (преминувајќи од цврста агрегатна состојба во гас) како што Оумуамуа поминува покрај сонцето. Оттаму, тие го пресметале ракетниот ефект,  масата и обликот на објектот и рефлексивноста на мразот.

„Тоа беше возбудлив момент за нас“, рече Деш. „Сфативме дека парче мраз би одбивало многу повеќе светлина отколку што претпоставуваа луѓето, што значеше дека може да биде помало. Истиот ракетен ефект тогаш ќе му даде на „Оумуамуа“ поголем притисок, поголем од оној што обично го искусуваат кометите“.

Деш и Џексон пронашле еден вид на мраз – цврст азот – што обезбедува точно поклопување со сите карактеристики на објектот истовремено. И бидејќи на површината на Плутон може да се забележи цврст азотен мраз , можно е објект сличен на комета е направен од истиот материјал.

„Знаевме дека ја погодивме вистинската идеја кога ја завршивме пресметката, за тоа што албедо (рефлексивноста на едно  тело) го направи предлогот Оумуамуа да одговара на набудувањата “, рече Џексон, кој е истражувач и соработник на истражувањето во ASU. „Таа вредност излезе иста со онаа на површината на Плутон или Тритон, тела покриени со азотен мраз.

Потоа тие ја пресметаа стапката со која парчиња цврст азотен мраз биле исфрлени од површините на Плутон и слични тела на почетокот од нашиот соларен систем. И тие ја пресметаа веројатноста дека парчиња цврст азот од други соларни системи ќе стигнат до нашиот.

„Најверојатно бил исфрлен од површината, со удар, пред околу половина милијарда години, и исфрлен од својот матичен систем“, рече Џексон. „Да се ​​биде направен од замрзнат азот, исто така, ја објаснува невообичаената форма на „Оумуамуа“. Како што испаруваа надворешните слоеви на азотниот мраз, така обликот на телото стануваше постепено порамнет, исто како што сапунот се претврора во рамно парче со употреба “.

Можеше ли Оумуамуа да е вонземска технологија?

Иако слчноста на „Оумуамуа“ со комета беше брзо препознаена, неможноста детално да се објасни,  доведе до шпекулации дека станува збор за вонземјанско парче технологија на, како во неодамна објавената книга „Вонземски: Првите знаци на интелигентен живот надвор од земјата“ од Ави Лоеб ( Универзитет Харвард).

omu2

Илустрација на веродостојна историја за „Оумуамуа: Потекло во неговиот матичен систем пред околу 0,4 милијарди години; ерозија од космичките зраци за време на неговото патување кон Сончевиот систем; и поминување низ Сончевиот систем, вклучувајќи го и неговиот најблизок пристап до Сонцето на 9 септември 2017 година, и неговото откритивање во октомври 2017 година. Во секоја точка од нејзината историја, оваа илустрација ја покажува предвидената големина на „ Оумуамуа “ и односот помеѓу неговите најдолги и најкратки димензии. Кредит: С. Селкирк / АСУ

Ова предизвика јавна дебата за научниот метод, и одговорноста на научниците да не избрзуваат со неоправдани заклучоци.

„Секој е заинтересиран за вонземјани и беше неизбежно овој прв објект од надвор од Сончевиот систем, да ги натера луѓето да размислуваат за вонземјани“, рече Деш. “Но, во науката е важно да не се донесе заклучок. Потребни беа две или три години за да се открие природно објаснување – парче азотен мраз – што одговара на сè што знаеме за Оумуамуа. Тоа не е толку долго во науката, и премногу брзо да се каже дека ги исцрпивме сите природни објаснувања “.

Иако нема докази дека станува збор за вонземска технологија, како фрагмент од планета слична на Плутон, „ Оумуамуа им обезбеди на научниците посебна можност да ги разгледаат вонсоларните системи на начин на кој претходно не биле во можност. Бидејќи се наоѓаат и проучуваат повеќе предмети како „Оумуамуа“, научниците можат да продолжат да со проширување на нашето разбирање за тоа какви се другите планетарни системи, и начинот на кои тие се слични или различни, од нашиот сопствен Сончев систем.

„Ова истражување е возбудливо поради тоа што веројатно, ја разрешивме мистеријата за тоа што е„ Оумуамуа“ и можеме разумно да го идентификуваме како парче од некој си „егзо-Плутон “, планета слична на Плутон во друг соларен систем“, рече Деш. „Досега немавме начин да дознаеме дали другите соларни системи имаат планети слични на Плутон, но сега видовме еден дел од нив, како поминува покрај Земјата“.

Деш и Џексон се надеваат дека идните телескопи, како оние во опсерваторијата Вера Рубин / Големиот синоптички истражувачки телескоп во Чиле, кои ќе можат редовно да го прегледуваат целото јужно небо, ќе можат да започнат да наоѓаат уште повеќе меѓуѕвездени објекти што тие и други научници, можат да ги искористат за понатамошно тестирање на нивните идеи.

„Се надеваме дека за околу една деценија можеме да добиеме статистички податоци за тоа какви видови објекти  минуваат низ Сончевиот систем, и дали парчиња азотен мраз се ретки или толку чести како што сме пресметале“, рече Џексон. „Како и да е, треба да научиме многу за другите соларни системи, и дали минувале низ истите судири, како нашиот.

Превод: Христијан Петрески

Извор: phys.org

Сподели.