Астрономите забележале експлозија на супернова во речиси реално време

0

Да се фати супернова во акција е тешка работа. Не постои начин да се предвидат, а и не се случуваат многу често. Во рамките на Млечниот пат се појавуваат еднаш во еден век, а последен пат е забележана во 1604 година.

супер нова 1

Композитна фотографија направена од телескоп во Ливерпул која ја покажува локацијата на SN 2023ixf, црвена супергигантска супернова (најсиниот објект во правоаголникот) кој се појавилна 22 милиони светлосни години од Земјата во галаксијата Вртимушка.Заслуги: Е. Цимерман и колеги, Институт за наука – Ливерпул.

Секако, супернови се појавуваат и во други галаксии, но сепак треба да имате многу среќа да ги фатите додека експлодираат. Но, тоа е она што се случи минатата година, според еден нов труд објавен во Nature претходната недела. Јапонски, аматер-астроном Коичи Итагаки, набљудувајќи една галаксија во близина наречена Месиер 101 (или уште позната и како Вртимушка), сфатил дека се случува нешто посебно. Тој само што забележал нова супернова, наречена SN 2023ixf.

Почетната фаза на супернова се мери во часови, па астрономите морале брзо да реагираат. Во рок од пет часа, Итагаки го пријавил набљудувањето во меѓународната база на податоци за астрономски извештаи наречена Транзиентер сервер. Помалку од еден час потоа, професионалните астрономи веќе се брзаа да ги свртат своите телескопи за да ја погледнат новата експлозија. Откривањето се случи на 19 мај, петок навечер, и беше брзање да се стави сѐ на место во повеќе временски зони.

“Тоа е многу ретко, како научник, да мораш да дејствуваш толку брзо” – вели Авишеј Гал-Јам од Институтот Вајцман. “Повеќето научни проекти не се случуваат во текот на ноќта, но се појави можност, и ние немавме друг избор освен да одговориме соодветно.”

супернова 2

Месиер 101 (галаксија Вртимушка), 21 милиони светлосни години далеку, кадешто суперновата SN 2023ixf била откриена.

Докторантот на Гал-Јам и водечки автор на статијата, Ерез Цимерман, беше дел од тимот кој останал цела вечер собирајќи податоци и споделувајќи информации со операторите на вселенскиот телескоп Хабл, за да навреме направат висококвалитетни набљудувања. Брзината беше суштинска.

“Тоа е она што ја прави оваа специјална супернова различна” – вели Цимерман. “Успеавме за прв пат да следиме супернова одблизу, додека нејзината светлина се појавуваше од меѓуѕвездената материја во која се наоѓаше експлодирачката ѕвезда.

Тимот комуницираше со Хабл, со намера да ги набљудува постоечките остатоци на супернови во УВ светлина, а сега имаа среќа да забележат сосема нова супернова. И уште поголема среќа, Хабл неодамна го забележал истиот регион, што значи дека не само што ја забележал новата супернова во акција, туку и ѕвездата и нејзината состојба во деновите непосредно пред експлозијата. Овие пред и потоа набљудувања, се неверојатно важни за разбирање на последните денови од животот на ѕвездата.

“Ѕвездите се однесуваат многу непредвидливо во нивните стари години” – вели Гал-Јам. “Тие стануваат нестабилни и обично не можеме да бидеме сигурни кои комплексни процеси се случуваат во нив, бидејќи форензичкиот процес го започнуваме секогаш по експлозијата, кога голем дел од податоците се веќе изгубени.”

Податоци од SN 2023ixf исто така биле собрани со рентгенски зраци од вселенскиот брод Свифт на НАСА, а спектрите биле добиени од опсерваторијата Кек во Хаваи. Заедно, сите овие набљудувања помогнале да се спои еволуцијата на експлозијата како што се менувала со текот на времето.

супернова 3

Остатоци од суперновата Кеплер, која експлодирала во нашата галаксија во 1604 година. Композитна фотографија користејќи податоци од вселенските телескопи Хабл, Чандра и Спитцер.

Друг студент на докторски студии од тимот, Идо Ирани, вели дека експлозијата најверојатно создала црна дупка, заменувајќи го стариот црвен џин кој некогаш се наоѓал на своето место.

Пресметките на меѓуѕвездениот материјал емитиран за време на експлозијата, како и густината и масата на овој материјал пред и после суперновата, создаваат несогласување и е многу веројатно да недостасувачката маса завршила во црната дупка која се формирала по експлозијата – нешто што обично е многу тешко да се одреди, вели тој.

Се очекува следни набљудувања да обезбедат уште повеќе детали за настанот и да им помогнат на астрономите да разберат попрецизно како се случуваат супернови и како комуницираат со нивната средина.

Превод: Маца Николова

Извор: universetoday.com.

Сподели.