Астрономите сеуште не одлучиле дали постои темна енергија

0

Како би изгледала тип 1А супернова од блиску, тоа е типот на ѕвездена експлозија која се користи во обид за откривање темна енергија Заслуги: ESO

Во скоро време се објавуваат вести во кои се става во прашање постоењето на темна материја или целосно се отфрла постоењето на темна материја. Ова е заради нов труд објавен со наслов „Маргинален доказ за космичко забрзување од тип 1А супернови“.

Откога ќе го прочитате трудот безбедно можеме да кажеме дека сеуште нема потреба да направиме ревизија на нашето разбирање за универзумот. Трудот всушност само ја намалува сигурноста во тоа што го знаеме, под услов да се занемари се што досега е набљудувано во универзумот. Исто така занемарува важни детали во податоците кои ги зема во предвид. Без разлика на се ова, истражувањето само би ја намалила сигурноста во тоа дека универзумот се шири забрзано така што сепак би била 99,7%. Тоа е далеку од заклучување дека не се шири.

Откриено е дека универзумот се шири за прв пат во 1998 кога двајца астрономи користеле тип 1А супернови како начин за мерење. Супернови т.е. ѕвездени експлозии, се едни од најмоќните експлозии во универзумот, еквивалентни се на милијарда-милијарда-милијарда (10^27) експлозии од атомска бомба наеднаш. Тип 1А супернови се уникатни така што експлодираат со истата осветленост, најверојатно заради граница на критична маса. Ова значи дека колку се светли зависи скоро секогаш од тоа колку се оддалечени. Ова ги прави идеални за мерење космичко растојание и дури се гледаат од милијарди светлосни години оддалеченост. Ова дава точка за споредба со сегашниот универзум.

Графичка презентација на космичко забрзување заради темна енергија Заслуги: Дизајн Алекс Мителман, Coldcreation виа Wikimedia Commons под Creative Commons лиценца

Овие супернови често се викаат стандардни свеќи заради нивната конзистенција. Поточен термин би било стандардизибилни свеќи бидејќи во примена нивната прецизност и точност би се зголемила земајќи во предвид траењето на експлозијата, поцрвенувањето од прашината помеѓу набљудувачот и експлозијата. Методите на корекција ни го донесоа откритето на универзум кој се шири со забрзување.

Трудот кој ги предизвика шпекулациите користел каталог од тип 1А супернови собран од научници кој бил користен често пати во минатото. Авторите на трудот користеле метод на анализирање на суперновите кој е различен и не земал во предвид одредени различности во суперновите на каталогот. Без разлика на ова, аворите сепак тврдат во трудот дека има 99,7% веројатност дека универзумот се шири забрзано, многу различно од тврдењата во медиумите.

Космичката микробранова позадина емитувана неколку илјада години после Големиот Прасок, дава друга серија докази за забрзано ширечки универзум. Заслуги: NASA/WMAP Тим виа Wikimedia Commons

Понатаму, сугурноста која ја имаат научници дека унизерзумот забрзува е основано на повеќе од набљудување супернови. Други потврди се патеките на флуктуации во космичката микробранова позадина и сегашното обележје на тие флуктуации покажано преку распределбата на галаксии во универзумот (наречено барионична акустична осцилација). Други докази се присуството на супстанцијална количина на материја во универзумот потврдена повеќе пати од 1970 година па наваму. Овие други податоци покажуваат дека универзумот се забрзува независно од податоците од супернови. Ако ги комбинираме податоците одиме од 99,99% сигурност до 99,99999% сигурност. Тоа е голема сигурност.

Сега знаеме дека темна енергија, тоа што веруваме дека го предизвикува забрзувањето на универзумот, составува 70% од универзумот, остатокот е материја. Природата на темната енергија е сеуште една од најголемите мистерии на астрофизиката. Сепак немало активен разговор за дали универзумот се забрзува или дали постои темна енергија бидејќи оваа слика за универзумот е воспоставена и осигурана пред една деценија.

Има моментално многу земни и вселенски испитувања кои преку следните две децении ќе се обидат да одредат што е темната енергија. За сега мораме да ги подобруваме мерењата и да си ги ставаме на прашање претпоставките. Додека овој нов труд не докажува ништо, сепак е добро да се застане и да се размисли колку се големи прашањата кои ги поставуваме, како стигнавме до заклучоците кои ги имаме денес и колку сериозно мораме да го тестираме се тоа што го разбираме.

Ова покажува каде лежи нашата сигурност за состојбата на нашиот универзум во однос на количината на материја и темна енергија. Лилаково е само од податоците за суперновите, зелено е од податоците на космичката микробранова позадина, а црното е од космичката микробранова позадина заедно со барионичната акустична осцилација. Вертикална линија покажува колку е минималната количина на материја во универзумот, здобиено од повеќе космолошки сонди. Линија е нацртана која ги дели моделите на забрзувачки и успорувачки универзум. Друга линија покажува каде лежи во однос на веројатноста геометриски рамен универзум, како што покажува космичката микробранова позадина. Доле лево е покажано каде би лежел празен универзум т.е. каде што има малку или ни малку материја и темна енергија, тоа исто така е фокусот на гореспоменатиот труд. Само заради податоците од суперновите има доста доказ да се верува дека универзумот се забрзува, но не се гледа причина да се занемарат останатите податоци.

Превод: Јован Милосковски

Извор: Scientific American

Сподели.