Астрономите од Калтек велат дека постојат цврсти докази за деветта планета

0

Доколку постои, оваа деветта планета би имала 10 пати поголема маса од Земјината и орбита 10 пати подалеку од онаа на Нептун, со времетраење на една орбита околу Сонцето од 20000 години.

На 20 јануари, Калтек објавија дека нивни астрономи имаат цврсти теоретски докази за огромна деветта планета во надворешниот сончев систем, која се движи по така наречена „бизарна, доста издолжена орбита“. Планетата е засега наречена Планета 9 и со надеж астрономите ќе почнат да ја бараат.

Доколку постои, планетата би имала маса 10 пати поголема од Земјината и би орбитирала околу 20 пати подалеку од просечната оддалеченост на Нептун, која е засега осма планета во Сончевиот систем и нејзината просечна оддалеченост од Сонцето е 4.5 милијарди километри.

Астрономите велат дека на оваа нова планета и се потребни помеѓу 10000 и 20000 години да заврши една орбита околу Сонцето.

Астрономите од универзитетот Калтек велат дека возможното постоење на нова планета го откриле преку математички модели и компјутерски симулации. Објектот сè уште не е директно набљудуван, но тие се надеваат дека теоретската работа ќе ги поттикне астрономите да трагаат по него.

Мајк Браун (еден од астрономите) се опишува себеси како астрономот кој го уби Плутон. Тој во неговата изјава коментира:

„Ова би била вистинска деветта планета. Постојат само две вистински планети откриени од античките времиња, Нептун и Уран, и ова би била трета. Сè уште постои значителен дел од нашиот Сончев систем што чека да биде истражен, што е прилично возбудливо.“

Новата планета, ако постои, би била околу 5000 пати помасивна од Плутон.

Шест најдалечни познати објекти во сончевиот систем со орбити зад Нептун (магента), сите мистериозно подредени во иста насока. Гледано во три димензии, нивниот наклон од рамнината на сончевиот систем е речиси идентичен. Астрономи од Универзитетот во Калифорнија покажаа дека мора да постои планета со 10 пати поголема маса од Земјината во далечна ексцентрична орбита обратно подредена со останатите шест објекти (портокалова) за да може да постои ваква конфигурација. Заслуга: R. Hurt / IPAC / Caltech

Шест најдалечни познати објекти во сончевиот систем со орбити зад Нептун (магента), сите мистериозно подредени во иста насока. Гледано во три димензии, нивниот наклон од рамнината на Сончевиот систем е речиси идентичен. Астрономи од Универзитетот во Калифорнија покажаа дека мора да постои планета со 10 пати поголема маса од Земјината во далечна ексцентрична орбита обратно подредена со останатите шест објекти (портокалова) за да може да постои ваква конфигурација. Заслуга: R. Hurt / IPAC / Caltech

Се чекаат докази за Планета 9. Голема планета во периферијата на Сончевиот систем би помогнала во објаснувањето на мистериозни карактеристики во полето на замрзнати објекти и остатоци зад Нептун, познато како Кајперов Појас.

Во главно, астрономите не откриле деветта голема планета која орбитира во периферијата на Сончевиот систем, но неодамнешната работа на астрономите од Калтек произнесе цврсти теоретски докази за можно постоење на таква. Доколку е така, наоружани со теоретски предвидувања, астрономите кои се занимаваат со набљудувачка астрономија би можеле да ја лоцираат оваа планета.

Превод: Биљана Велинова

Извор: EarthSky

 

Сподели.