Астрофизичарите исцртаа најкомплетна мапа на Универзумот

0
Астрофизичарите исцртаа најкомплетна мапа на Универзумот

Дел од 3D мапата на Универзумот околу нашиот регион. Млечниот пат е во центарот, обележан со крст. Мапата опфаќа регион од 2 милијарди светлински години. Областите со многу галаксии се прикажани во бело или црвено, додека областите со помал број на галаксии се прикажани со темно сина боја.

Астрофизичарите создадоа 3D мапа од Универзумот која се простира на регион од 2 милијарди светлински години и истата претставува најкомплетната слика на нашето космичко соседство.

Сферичната мапа од суперјата на галаксии ќе доведе до поголемо разбирање за распределбата на материјата низ Универзумот и ќе даде клучни сознанија за темната материја, една од најголемите мистерии во физиката. Оваа мапа ја создадоа професори од универзитетот од Ватерло и професори од Институтот за астрофизика во Париз.

„Распределеноста на галаксиите не е униформна и нема одреден шаблон. Таа има пикови и падови како планински масив. Всушност тоа и го очекуваме од голема структура која потекнува од квантни флуктуации во раниот Универзум,“ вели професор Худсон, член од Институтот за теоретска физика Периметар.

Светло сините и бели региони на мапата претставуваат поголема концентрација на галаксии. Црвената област го претставува суперјатото од галаксии наречено „Shapley Concentration“, најголемата колекција на галаксии во блискиот Универзум. Неиспитаните области се претставени со средно сина боја.

Познавањето на локацијата и движењето на материјата во Универзумот ќе им помогне на астрофоизичарите во предвивдувањето на неговото ширење и ќе помогне во идентификувањето на тоа колку, а и каде, постои темната материја.

Научниците согледале дека галаксиите се движат различно заради нееднаквото ширење на Универзумот. Овие разлики се нарекуваат „необични брзини“. Нашата галаксија, Млечен пат, и нејзиниот сосед Андромеда се движат со брзина од 2 милиони километри на час.

Претходните модели го немаат целосно земено во предвид ова движење. Худсон и неговиот тим се заинтересирани во откривањето на структурите кои се одговорни за овие „необични брзини“.

Овие изместувања при движењето на галаксиите претставуваат корисни алатки за одредување на распределбата на материја и темна материја при големи размери.

Темната материја е одговорна за поголемиот дел од материјата во Универзумот. Таа е хипотетизирана форма на материјална честичка која не одбива, ниту емитира светлина и како резултат на тоа, истата не може да биде забележана или пак директно измерена. Постоењето и својствата на темната метерија можат да бидат само индиректно забележани преку гравитациските ефекти со кои таа влијае врз видливата материја и светлина.

„Подобро разбирање на темната материја е клучно за разбирање на формацијата на галаксиите и структурите во кои тие се наоѓаат, како што се галактичките јата, суперјатата и празнините,“ вели Худсон.

Следниот чекор ќе вклучува подетални примероци од „необичните брзини“, со цел да се подобри мапата.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys

Сподели.