Aстероид мина веднаш до Земјата без воопшто да го приметиме

0

Астероид со големина на фрижидер мина до Земјата без астрономите да го приметат се до неколку часа по самиот чин. Прелетот беше навистина близок од космичка гледна точка. На 24 октомври астероидот бил на само 3000 km од Земјата над Антартикот, поблизу дури и од некои сателити правејќи го трет по ред астероид според близината да се доближи на Земјата без да ја погоди.

2021 UA1

Симулации на орбитата на 2021 UA1. Заслуги: Orbit Simulator/Tony Dunn/Twitter

Објектот именуван 2021 UA1 останал незабележан бидејќи и се доближил на страната на Земјата каде било ден со Сонцето зад себе. Со дијаметар од само 2m тој не представувал закана. Дури и да ја погодел Земјата најголемиот дел од неговото камено тело би согорело во атмосферата пред да удри на површината.

Кометите и астероидите кои орбитираат во нашето космичко соседство и се доближуваат до Земјата на помалку од 194,5 милиони km се сметаат за објекти близу Земјата, според центарот на НАСА за истражување на објектите близу Земјата.

НАСА се служи со телескопи на Земјата и во вселената за да ги открие и набљудува овие објекти, следејќи ја нивната орбита, проценувајќи ги нивните големина , облик и состав со цел идентификување на потенцијалните опасни објекти заедно со агенцијата за координација на планетарната одбрана.

За еден објект да се смета за опасен треба да е барем со дијаметар од 140m. UA1 можеби не бил доволно голем да представува закана за планетата, но што доколку поголеми астероиди исто така се насочени кон Земјата? НАСА моментално работи и на развој на одбранбени технологии за заштита на Земјата од можни судири со големи вселенски камења преку нивно пренасочување.

DART („Тест за пренасочување на двоен астероид“) – кој беше лансиран на 24 ноември представува тест на метода за пренасочување на астероиди преку нивно удирање со многу брзи вселенски бродови.

Научниците ќе го пратат DART да се судри со бинарниот астероид Дидајмос, кој е со облик на вртимушка со две тела. Поголемото од нив е со дијаметар од 780m а помалото 160m. Дидајмос дојде најблизу до Земјата во 2003 на растојание од 7,18 милиони km со патека која го носи веднаш до орбиталниот пат на Земјата.

Иако Дидајмос не представува закана за Земјата, неговата големина е идеална за тестирање на способноста да еден ваков судир предизвика доволно големо поместување на еден опасен објект со цел промена на неговиот курс настрана од Земјата.

Сепак за да помести еден астероид НАСА треба прво да го детектира. Затоа NEO Surveyor мисијата резвива инфрацрвен вселенски телескоп кој би ги подобрил шансите за детекција на прикрадливи астероиди како UA1 кој доаѓаат од зад Сонцето.

До денес НАСА има идентификувано 27000 блиски објекти од кои отприлика 9800 се со дијаметар над 140m, меѓу кои 890 се со дијаметар од 1km.

И покрај тоа што UA1 е незначително мал во однос на нив, другите астероиди кој минаа крај Земјата на 2 ноември беа поголеми. Овие пет камења беа со дијаметри од 17 до 52 m.

За среќа ниеден од нив нема да дојде поблизу од 829 000 km до Земјата.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор:sciencealert.com

Сподели.