И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми. Циклусот започнува на 19.10.2017 (четврток), а предавањата ќе се одржуваат секој четврток, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.
Предвидени се 7 предавања од различни области во астрономијата, со актуелни и интересни теми. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран што за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе.
Распоредот на предавања* е следен:
- 19.10.2017 – Темниот Универзум
- 26.10.2017 – Гравитациски бранови – новата златна треска
- 02.11.2017 – Црни дупки
- 09.11.2017 – Колонизација на Марс
- 16.11.2017 – Раѓањето и смртта на Универзумот
- 23.11.2017 – Дали сме слетале на Месечината?
- 30.11.2017 – Антички опсерватории
Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари. За членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари од предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.
За повеќе информации слободно пишете ни на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.
Ве очекуваме!
*Распоредот е подложен на промени. Сите промени ќе бидат објавени на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на САД.