“Световите со наклон” може да содржат услови за живот

0

Наклонетите орбити како прикажаните може да предизвикаат нишање, како врв кој скоро да завршил со своето вртење, кај планетите. Ова претставува ефект со кој течната форма на водата може да биде одржана на површината од планетата, давајќи шанса и услови за живот. Заслуги: НАСА

Според новите истражувања на астрономите од Универзитетот во Вашингтон, Јута Вебер државниот Универзитет, како и истражувањата од НАСА, променливиот наклон на орбитата на една планета не ја отстранува можноста за живот. Всушност, ваквата одлика понекогаш знае и да помогне.

Тоа е така бидејќи таканаречените “Светови со наклон”, од страна на астрономите — изместени од својот центар на орбита заради влијанието на некоја придружна планета—имаат помала шанса да замрзнат од оние светови со фиксна ротација, заради тоа што топлината од нивната Ѕвезда-Домаќин, ќе биде поеднакво дистрибуирана.

Ова се случува само кај надворешниот раб зоната која е погодна за живот, просторот каде што карпесто планети би можеле да одржат вода во течна состојба на својата површина, што претставува неопходен услов за живот. Подалеку од оваа локација, т.н “состојба на снежна топка” од глобален мраз станува неизбежна, а со тоа и неостварливи услови за живот.

Пронајдоците, кои беа објавени онлајн и ќе бидат објавени во Априлското издание во Астробиологија, имаат ефект на проширување на познатата погодна зона за 10 до 20 проценти. Со тоа драматично се зголемува бројот на светови кои може да се сметаат како кандидати за услови на живот. Наведените наклонети светови стануваат потенцијално погодни светови заради тоа што нивниот спин предизвикува да нивните полови, од време на време, бидат насочени кон нивната Ѕвезда-Домаќин и како резултат на ова мразот на овие локации се топи.

“Без некој ваков тип на ‘домашна основа’ за мраз, ефектот на глобалната глацијација е доста отежнат”, вели астрономот Рори Барнс. “Па очигледно, рапидното наклонување на егзопланетите всушност ги зголемува шансите за постоење на вода во течна состојба на површината на планетата”.

Барнс е споредниот автор на овој труд. Главен автор е Џон Армстронг од Вебер Стејт, кој има докторирано на UW универизитетот.

Нашата планетата и нејзиниите соседни планети, во главно се наоѓаат на истата просторна рамнина. Сепак постојат докази, вели Барнс, за системи во кои планетите се движат поставени под одреден агол едни спрема други. Како такви тие може да влијаат едни на други при што ќе ги менуваат насоките на своите полови во однос на Ѕвездата –Домаќин.

Тимот користел компјутерски симулации да репродуцира токму така наклонето позиционирани планети, прашувајќи се, вели тој, “Што би можела да направи една планета налик нашата Земја, доколку имала слични соседи.”

Нивните пронајдоци дополнително се спротивставуваат со старото гледиште, меѓу астрономите и астробиолозите, дека планетите имаат потреба од стабилизирачко дејство од страна на релативно голема месечина—каква што има нашата Земја—со цел да има шанси да подржува услови а живот.

“Пронаоѓаме дека планетите немаат потреба од стабилна наклонетост со цел да поседуваат услови за живот”, продолжува Барнс. Дури и без Месечината, вели тој, Земјината наклонетост, со сегашна стабилност од 23.5 степени, би се зголемила за околу 10 степени. Како резултат можеби би доживеале одредени промени на климата, но животот и понатаму би бил возможен.

“Ова изучување сугерира дека присуството на голема месечина може дури и да ги попречува условите за живот, барем на врвовите од погодните зони.”

Оваа работа е извршена преку Виртуелната Планетарна Лабараторија на UW, интердисциплинарно изучувачка група која го проучува одредувањето, дали егзопланетите—оние надвор од нашиот соларен систем—може да имаат потенцијал за живот.

“Изучувањето вклучувало орбитални и планетарни динамики како и климатски проучувања и како целина е поголема (повеќе опфатна) од сите претходно наведени поединечно.”, вели Барнс.

Армстронг кажува дека проширувањто на погодната зона може и двојно да го зголеми бројот на потенцијално населиви планети во галаксијата.

Искористувањето на ова изучување и неговите проширени граници за погодна зона кај нашите небесни соседи како пример, вели тој, “Тоа би ја дала можноста да Земјата биде сместена подалеку од орбитата на Марс и сеуште да припаѓа во погодната зона, барем во одреден период”

Извор: phys.org

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.