Хипотетички астероид ја уништува Европа во симулација на НАСА

0

Научниците низ светот беа збунети во Мај од страна на замислен астероид кој се движи кон Земјата.

Група на експерти од САД и Европската вселенска агенција беа дел од едно неделна вежба на НАСА во која се соочија со хипотетичко свенарио: Астероид оддалечен 35 милиони милји се приближува кон планетата и може да ја удри во наредните шест месеци.

a1

Предвидената зона на удар (NASA/JPL)

Секој ден учесниците добиваа нови информации за големината и траекторијата на астероидот како и шансите за удар. Потоа мораа да соработуваат и да го искористат технолошкото знаење за да одлучат дали може да се направи нешто околу вселенската карпа.

a2

Уметнички приказ на астеориди кои минуваат крај Земјата (Peter Carril/ESA)

Експеритите не успееја да се справат со проблемот. Групата одлучи дека ниедна од постоечките технологии на Земјата не може да го запре хипотетичкиот асторид во дадената временска рамка од 6 месеци. Во оваа алтернативна реалност астероидот ја удри Земјата во источна Европа.

Засега не знаеме за астероиди кои претставуваат закана за Земјата. Но се претпоставува дека две третитни од астероидите кои се со големина од 140,21m или повеќе  сѐ уште не се откриени. Поради ова НАСА и другите агенции се обидуваат да се подготват за ваква ситуација.

„Овие вежби и помагаат на внатрешната комуникација кај заедницата за планетарна одбрана како и онаа со нашите влади со цел да се осигураме дека сме координирани во случај на откривање на потенцијална закана во иднината“ вели Линдли Џонсон офицер за планетарна одбрана во НАСА.

Замислениот астероид во симулацијата наречен 2021PDC бил прв пат забележан на 19 април при шо се сметало дека има 5% шанси да ја удри нашата планета на 20 октомври, шест месеци по неговото откривање.

Но, на вториот ден од вежбите кој соодветствувал на 2 мај новите пресметки за траекторијата покажувале дека астероидот скоро сигурно ќе ја удри или Европа или северна Африка. Учесниците во симулацијата размислувале за неколку мисии во кои вселенски летала би се обиделе да го уништат астеоридот или да ја променат неговата патека.

Заклучиле дека такви мисии не би можеле да полетаат во краткиот временски период пред ударот на астероидот.

„Доколку бевме конфорнтирани со ова хипотетичко сценарио во вистинскиот живот не би можеле да лансираме какво било вселенско летало за толку кратко време со сегашните способности“ велат учесниците.

Исто така размислувале и во насока на разнесување на астероидот користејќи нуклеарна експлозивна направа.

„Лансирањето на нуклеарна мисија за нарушување би можело значајно да го намали ризикот од удар“ велат тие.

Сепак симулацијата претпоставила дека астероидот може да биде со големина од 34,75m до 1,5km при што не може да бидеме сигурни дека нуклеарката би му наштетила.

На третиот ден од вежбите односно 30 Јуни во симулацијата иднината на Земјата не била воопшто светла. Сега се знаело со сигурност дека астероидот е упатен кон источна Европа.

На четвртиот ден односно една недела пред ударот веќе се знаело со 99% сигурност дека ќе удри на границата меѓу Германија, Чешка и Австрија. Експлозиајта би била со енергија како една голема нуклеарна бомба. Во овој момент се што би можело да се направи е да се евакуираат засегнатите региони предвреме.

a3

Уметнички приказ на астероидот Chicxulb кој ја удрил Земјата пред 66 милиони години (Chase Stone)

Примамливо е да се претпостави дека во вистинскиот свет астрономите ќе го забележат овој астероид многу пред шестте месеци во симулацијата. Но извидничката способност на светот во однос на објектите близу Земјата (NEOs) е многу несоодветна.

Било кој вселенски камен со орбита која го носи 125 милиони милји од Сонцето е дел од оваа категорија. Но Џонсон вели дека „НАСА има најдено само една третина од популацијата на астероиди кои може да представуваат закана за Земјата“.

Секако човештвото се надева дека ќе избегне изненадување како она што им се случило на диносаурусите пред 65 милиони години кога 10km-ски астероиод удрил на Земјата. Но, во изминативе години научниците пропуштија многу големи опасни објекти кои дојдоа близу.

Кометата Neowise, 5km-ска санта вселенски мраз, мина на 64 милиони милји до Земјата во Јули. Никој не знаеше дека таа комета постои додека телескоп на НАСА не ја откри само 4 месеци пред прелетот.

a4

Кометата Neowise над Хокаидо, Јапонија (Nayoro Observatory/Reuters)

Во 2013 метеор со дијаметар од 19,81m влезе во атмосферата со брзина од 64 374km/h. Експлодраше над Чељабинск, Русија без предупредување создавајќи шок бран кој скрши прозори и оштети згради низ регионот. Над 1400 луѓе беа повредени.

Во 2019 130,15m широк астероид „убиец на градови“ прелета на 72 420km од Земјата.  НАСА скоро да немаше предупредување за него.

Ова е поради тоа што сегашниот начин на кој што научниците ги следат овие објекти е преку насочување на еден од неколкуте моќни телескопи на Земјата во вистинската насока во вистинско време.

За да го реши овој проблем НАСА пред две години објави дека ќе лансира вселенски телескоп посветен на потрагата по опасни астероиди. Телескопот именуван – Извидничка мисија за близу-земјени објекти, заедно со новиот Test-Bed телескоп на Европската вселенска агенција и Flyeye телескопот кој се гради во Италија ќе го зголемат бројот на вакви објекти кои може да се следат.

НАСА исто така ги истражува и опциите кои би ги имале научниците кога би нашле ваков опасен астероид на пат кон Земјата. Меѓу нив се детонација на експлозивна направа близу вселенскиот камен, како што предложија и учесниците во симулацијата, како и насочување на ласери кои би го загреале и упариле астероидот доволно за да ја промени својата патека.

Друго можно решение е и праќање на вселенско летало кое би се судрило со астероидот и на овој начин би ја променило неогвата патека. Ова е пристапот за кон НАСА е најсериозна.

Подоцна годинава се планирани тестови за ваква технологија. Двојниот тест за пренасочување на астероид (DART) вклучува вселенско летало кое намерно ќе се судри со астероидот Dimorphos есента 2022.

НАСА се надева дека судриот ќе ја промени орбитата на Dimorphos. Иако овој астероид не е закана за Земјата, мисијата ќе покаже дека пренасочувањето на Астероид е возможно со доволно време за подготовка.

Артиклот е оригинално објавен на www.businessinsider.com

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: sciencealert.com

Сподели.