Астрономите открија „невидливи“ ѕвезди кои се толку бледи што воопшто не може да ги видиме

0

Во Јули и Август 2016, астрономите забележаа нешто многу чудно меѓу податоците од вселенската обсерваторија Гаја. Една далечна ѕвезда невообичаено стана посветла а потоа се стиши.  Неколку недели подоцна повторно станала  посветла пред повторно да се стиши.

Ова чудно однесување не е резултат на било каква активност на самата ѕвезда, туку на гравитацијата на невидлив објект помеѓу нас и неа кој го извиткува простор-времето, зголемувајки ја светлоста на ѕвездата при својот премин.

crveni dzudzinja

Maciej Rębisz

Сега астрономите успеаја да сфатат што е тој објект – бинарна ѕвезда оддалечена 2544 светлсни години која е толку бледа што воопшто не може да ја видиме. Но, врз основа на начинот на кој нејзината гравитација ја зголемува светлината, астрономите успешно ја пресметаа масата, оддалеченоста и орбитата на системот.

Овие техники, велат тие, може да представуваат начин за лоцирање на други скриени масивни објекти во Млечниот Пат – како претпоставените милиони осамени црни дупки со маса од рангот на ѕвезди.

Големиот патоказ за природата на системот, според тимот на астрономи, е повторното осветлување и стишување на објектот – извор на светлоста. Овој настан од тогаш беше именуван Gaia16aye.

„Доколку имате една леќа, предизвикана од еден објект, би имало само мал континуран раст на светлоста по што би следел континуран пад при преминот на леќата пред далечниот извор пред да се замине“ вели астрономот Лукаш Вирзиковски, од Универзитетот на Варшава во Полска. „Во овој случај не само што светлоста на ѕвездата паѓа наеднаш наместо постепено, туку по неколку недели повторно се зголемува, што е многу невообичаено. По 500 дена обсервација ја видовме како се освелува и стишува пет пати.“

Ова сугерира бинарен објект кој произведува нешто што се нарекува гравитациона микро леќа – ефект предвиден од Ајнштајн кој се случува кога гравитацијата на преден објект предизвикува искривување на простор-времето зголемвуајки нешто зад себе.

Кај поголеми размери ова овозможува набљудување на далечни објекти, но малите леќи исто така може да бидат корисни.

Во случајот на Gaia16aye микро леќата е комплексна мрежа на високо-зголемувачки региони. Задните извори на светлост кои минуваат низ овие региони ќе се осветлат наеднаш пред повторно инстантно да се стишат кога ќе се помести регионот.

Внимателното изучување на овие шеми во Gaia16aye настанот открива еден бинарен ѕвезден систем наречен 2MASS19400112+3007533, составен од две црвени џуџиња со 57% и 36% од масата на Сонцето. Тие орбитираат околу зеднички центар на гравитација на секои 2,88 Земјини години.

„Воопшто не го гледаме овој бинарен систем, но само гледајки ги ефектите кои ги предизвикува преку своето влијание како леќа на ѕвезда зад него можеме да дознаеме се за него“ вели астрономот Прземек Мроз, порано од Универзитетот на Варшава а сега дел од Калифорнискиот Институт за Технологија.

„Можевме да го одредиме ротацискиот период на системот, масата на неговите компоненти, нивната раздалеченост, обликот на нивните орбити – во суштина се’ – без да ја видиме светлината на бинарните компоненти.“

Тимот се надева дека овие техники ќе помогнат во откривањето на осамените црни дупки со маса од рангот на ѕвезди – што е и една од целите на автоматизираната алатка која го набљудува осветлувањето и стишувањето на ѕвездите во податоците од Гаја.

Во моментов знаеме за неколку од овие црни дупки. Ги забележуваме при нивната интеракција со работите во просторот околу нив, како кога активно се хранат со некоја ѕвезда или кога се во бинарен пар со регуларна ѕвезда.

Сепак до денес осамените црни дупки остануваат незабележани. Но ако можеме да најдеме невидливи црвени џуџиња кои заедно имаат помала маса од Сонцето, овие техники може да ги откријат црните дупки со маса од рангот на ѕвезди, за кои е генерално прифатено дека имаат деолна граница кога е околу пет пати поголема од масата на Сонцето.

„Нашиот метод ни овозможува да го видиме невидливото“ вели Вирзиковски за Science во Полска. „Мислам дека оваа година ќе ги имаме првите црни дупки. Сум оптимист.“

Истражувањето е објавено во Астрономија & Астрофизика (Astronomy & Astrophysics).

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.