Соларографија

0

Пинхол фотографија е фотографија без леќи. Малечка дупка ја заменува леќата и светлината поминува низ неа формирајќи слика на камерата. Соларографија е специјализирана форма на пинхол фотографија. Се состои од долги временски експозиции, од еден или повеќе денови, па сѐ до месеци или години, бележејќи ги трагите на Сонцето и други објекти. Така, светлината што доаѓа од Сонцето или рефлексјата од другите елементи удира на фотосензитивниот материјал сместен внатре во камерата.

ВОВЕД

sgf 1

Во 2007 година, за време на Меѓународната Година на Наука, добив неколку е-мејл пораки од FECYT за одржување работилници во Шпанија и една од нив вклучуваше “Направи сам” модел на пинхол камера. Не успеав да изработам таква во тоа време, но идејата остана во мојата глава и две години подоцна дознав за Денот на Пинхол Фотографијата кој е распространет низ целиот свет. Активностите вклучуваа неколку работилници што требаше да се одржат во Барселона. Работилницата за пинхол беше целосно пополнета, па завршив на работилницата за соларографија каде што открив поинаков начин на правење долго експозициски пинхол фотографии. Се навлеков на тоа!

ПИНХОЛ ФОТОГРАФИЈА И СОЛАРОГРАФИЈА

sgf 2

Работилницата се состоеше од два дела: во првиот дел се работеше за основните принципи на пинхол фотографија, вториот дел се однесуваше конкретно на соларографијата. Во првиот дел беа објаснети главните разлики помеѓу пинхол фотографија и фотографијата со леќи. Ова беше големо откритие за мене.  Вообичаените концепти на кадрирање, композиција, време на експозиција, длабочина на полето итн. ги проширија нивните граници и ме натераа да сфатам како да ги поставам сите нив заедно во совршена синхронизација за да постигнам најдобри резултати. Можеби изгледа смешно, но нешто слично ми се случи додека бев студент, кога одеднаш ја открив идејата скриена во математичките теореми и нивното значење. Тоа може да го споредите со моментот кога дел од точката на некој артист е во фокусот на цело едно шоу, или со величенствената експлозија на огнометите. Сумирано, го смени мојот начин на гледање и размислување за фотографијата.

sgf 3

Што се однесува на соларографијата, една од главните работи што ги научив беше дека, кога е изложена многу долго време користејќи пинхол камера (на пример кога се прават соларографи), фотосензитивната црно-бела хартија може да создава слика во боја без да има потреба од процесот на развивање.

Главната карактеристика на пинхол камерата, уште позната и како камера опскура е отсуството на било какви леќи. Работи базирано на фактот дека светлината патува во прави линии продуцирајќи превртена слика на камерата. Кога затворачот е отворен, светлината поминува создавајќи слика на фотографската хартија или филмот сместен на задниот дел на камерата.

sgf 4

Пинхол фотографијата прави да размислуваш пред да направиш некаква слика. Исто, многу е важно да се учат и најситните карактеристики на секоја камера со цел да се создаде навика. Тоа е најважното искуство во правењето фотографии.

Вообичаено, се знаат карактеристиките на една пинхол камера, како ф-број и форматот на материјалот осетлив на светлина без разлика дали е хартија или филм. Како и да е, пинхол камерите немаат вграден фотометар за да автоматси ги измерат светлинсите услови или екран за да ти помогне во кадрирањето на фотографијата. Ова значи дека мора да се направат некои пресметки за времето на експозиција и внимателно да се насочи камерата за да го кадрира она што сакаш да го добиеш на фотографијата. Исто така, затворачот е малку поинаков од оној што го има кај камерите со леќи. Па затоа, потребно е време додека се навикнеш, да научиш за нејзините специфични карактеристики како геометријата, видниот агол, дисторзија (доколку ја има) итн. и за сметка на нив да знаеш дека кадрирањето има голема шанса за неуспех. Кога веќе еднаш “си запознаен” со твојата камера, можеш предвреме да заклучиш каква ќе испадне твојата фотографија и дури некогаш може и пријатно да се изненадиш од исходот.

sgf 5

Соларографија е специјализирана форма на долго експозирачка пинхол фотографија и за првпат беше претставена во Ноември 2000 година кога Павел Кула, Славомир Дециќ и Дего Лопез Калвин го создадоа Проектот Соларис каде учество зедоа уметници/артисти, фотографи и други индивидуалци заинтересирани за фотографијата, пинхол камерите и движењето на небесните тела. Проектот беше така формиран и замислен да му овозможи учество на секој што е заинтересиран без разлика до каде е самиот тој/таа стигнат споредено со  креаторите на проектот.

Соларографијата ги бележи трагите на Сонцето кои се последица на неговата поставеност (привидно движење) во однос на Земјата (познато како еклиптичност). Сликата е создадена користејќи рачно направени пинхол камери (обично лименки, 35 мм film canisters, пвц цевка итн.) во која е внесена фотосензитивна хартија и е безбедно поставена на специфично место подолго време.

Се состои од долго време на изложување, од еден или повеќе денови, па се до месеци или години. За време на сите овие екстремно долги изложувања, фотосензитивниот материјал сместен внатре во камерата ги бележи промените во тоналитетот на емулзијата како што светлината удира на него, директно од Сонцето или од рефлексијата на другите елементи.

Првенствено бело или жолтеникаво, во зависност од хартијата, постепено станува јасна, гледлива слика без некаква потреба од хемиско третирање (развивање и/или фиксирање). Сликата изгледа како геометриски превртен негатив, презентирајќи различни тоналитети на бои, видливи само во црвено или понејасно светло за да превенира замаглување.

Може да се користи секакв вид на фотографска хартија, во боја или црно бела. Јас користам само црно бела и овие ми се омилени: Ilford MGIV RC DELUXE Pearl [MG4RC44M], Ilford Ilfospeed RC DELUXE 3 [ISRC344M] and Foma FOMATONE MG Classic warm tone. Разликите во хартијата се претставени преку различното обојување, контраст или тон. Овие варијации се интересна тема на истражување од страна на фотографите. Други варијабли кои влијаат на конечните резултати се временсите услови, влажноста, температурата и сл.

Христина Милошевска

Извор:publicacions.iec.cat

Сподели.