Ѕвезда успеа да избегне црна дупка

0

Во близина на нашата галаксија една ѕвезда успеа да избегне супермасивна црна дупка и притоа претрпе минимална штета. Ѕвездата изгуби релативно малку материја, отприлика колку масата на Јупитер. Интересно е што таа не беше целосно проголтана од страна на црната дупка, па преживеа за да ја раскаже приказната за своето патешествие.

Ѕвезда успеа да избегне црна дупка

Уметнички приказ на материја која кружи околу црна дупка. Извор: NASA/Dana Berry/SkyWorks Digital

Огромната гравитација на црните дупки кои се наоѓаат во центрите на сите големи галаксии вообичаено проголтуваат цели ѕвезди и други објекти кои ќе пројдат во нивна близина. Ѕвездата која успеа да се спаси од црната дупка се наоѓа надвор од суперјатото Ланиакеа (Laniakea). Тимот од научници не ја набљудувал ѕвездата директно, туку со четирите телескопи ASAS-SN (All-Sky Automated Survey for Supernovae), лоцирани на Хаваите, успеале да ја детектираат светлината која се емитува кога црната дупка ќе проголта материја. Ова е досега наблизок детектиран настан од ваков тип. За прв пат се појавиле сјајни зраци на 25 јануари помеѓу ѕвездите Alula Borealis и Praecipua. По неколку последователни опсервации, тимот успеал да одреди дека зраците потекнуваат од објект во рамките на галаксијата наречена SDSS J110840.11. Според ослободената енергија пресметано е дека ѕвездата изгубила мал дел од својата маса – една илјадатина од масата на Сонцето, односно количество маса кое одговара на онаа на Јупитер.

Досега имаме посведочено на само мал број настани на проголтани ѕвезди. Црните дупки по сè изгледа дека не ги проголтуваат ѕвездите целосно толку често како што се мислеше. Ќе следуваат дополнителни истражувања и мисии со цел да се открие фрекфентноста на целосните и делумните проголтувања од страна на црните дупки.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.