Невообичаен објект беше прогласен за меѓуѕвездена талкачка планета

0
Невообичаен објект беше прогласен за меѓуѕвездена талкачка планета

Уметнички приказ на планетата која талка по Вселената. Извор: Кристин Пулиан

Пред три години беше забележан мистериозен објект кој талка низ меѓуѕвездениот простор, на околу 80 светлински години од нас. Мошне поголем од Јупитер, но помал од повеќето ѕвезди, овој објект беше прогласен за талкачка планета. Неодамна, астрономите успеаа да го потврдат статусот на планета на ова тело. Краткиот назив за планетата е PSO J318.5-22 и станува збор за големо планетарно тело со маса поголема 8.3 пати од Јупитеровата и температура од околу 1100 Келвини.

На почетокот од нејзиното откривање беше прогласена на некој чуден вид на кафеаво џуџе, тип на ѕвезда која не успеала да го започне процесот на нуклеарна фузија. Ова тело лута низ Универзумот без придружна ѕвезда, а неговите високи температури на почетокот укажувале дека е можно да станува збор за ѕвезден објект, но според емитуваната светлина телото наликувало на гасовит џин. Тимот кој ја објавил оваа студија вели дека досега немаме најдено сличен талкачки објект како овој, со сите карактеристики на младите планети кои се дел од планетарни системи.

Невообичаен објект беше прогласен за меѓуѕвездена талкачка планета

Снимка во повеќе бои од планетата PSO J318.5-22, направена со телескопот ПАН-СТАРС1. Извор: N. Metcalfe & Pan-STARRS 1 Science Consortium

http://www.iflscience.com/space/curious-stellar-object-confirmed-rogue-planet

Потврдувањето на статусот на планета за ова тело не беше воопшто лесно поради опаѓањето на температурите на кафеавите џуџиња кои го почнуваат својот живот врели, а потоа со тек на времето оладуваат.

Олеснителен фактор била релативната близина на PSO J318.5-22, која се движи заедно со малото ѕвездено јато Бета Пикторис (Beta Pictoris). Па така, астрономите познавајќи ја веќе староста на таа група утврдиле дека ова тело е старо околу 23 милиони години, и е премладо и ладно за да биде ставено во категоријата кафеаво џуџе.

Извор: IFL Science

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.