Кеплер потврди повеќе од сто нови планети

0
Кеплер потврди повеќе од сто нови планети

Монтажна снимка од опсерваторијата Мауна Кеа, вселенскиот телескоп Кеплер и ноќното небо со К2 и откриените планетарни системи. Меѓународен тим од научници откри повеќе од 100 планети во податоците од мисијата К2. Десно е уметнички приказ на претставената планета. Извор: Карен Терамура и снимки од мисијата Кеплер на НАСА

Меѓународен тим од астрономи откри цел куп нови светови користејќи комбинација на податоците од мисијата К2 со дополнителни опсервации од телескопи на Земјата. Беа потврдени повеќе од 100 планети, вклучувајќи го и досега првиот откриен планетарен систем кој има четири планети слични на Земјата. Иронично, откритието беше направено откако се расипа системот за посочување на телескопот Кеплер. За време на неговата првична мисија, тој истражи одреден дел од небото на северната полутопка, мерејќи ја застапеноста на планетите чии големини и температури се слични на земјината и орбитираат околу ѕвезди како Сонцето. Но, по дефектот во 2013 година, научниците успеаја да му дадат втора шанса на телескопот, чија мисија продолжува да се покажува како многу успешна и плодна. Новата мисија е наречена К2 и досега има направено истражувања како во северната, така и во јужната хемисфера. Сега, концентрацијата паѓа на откривање на помали и поладни ѕвезди, од типот на црвени џуџиња кои се и многу почести во Млечен Пат во споредба со ѕвездите од типот на Сонцето.
Еден од најинтересните примероци откриени во оваа најнова студија е систем со четири, најверојатно карпести планети, кои се помеѓу 20 и 50 проценти поголеми од Земјата и орбитираат околу ѕвезда со големина нешто помала од половина од нашето Сонце. Орбитите им варираат од пет и пол до дваесет и четири денови. И  покрај нивните блиски орбити (кои се помали и од онаа на Меркур), сепак постои можност за живот бидејќи станува збор за значително послаба ѕвезда домаќин.

Кеплер потврди сто нови планети

Уметнички приказ на телескопот Кеплер и мисијата К2. Извор: NASA

Според анализите од мисијата К2, се очекува да се удвои, или пак трикратно да се зголеми бројот на откриени планети кои орбитираат околу релативно блиски, сјајни ѕвезди.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.