Истражувачи открија начин за одвојување на кислородни молекули од јаглерод диоксид

0
Молекуларен модел на јаглерод диоксид. Заслуги: Википедија

Молекуларен модел на јаглерод диоксид. Заслуги: Википедија

Мал тим на истражувачи од Универзитетот во Калифорнија пронајде метод со кој се разделуваат молекулите од соединението на јаглерод диоксид, притоа добивајќи посебно раздвоени молекули на кислород и атоми на јаглерод, наместо познатата делба на јаглерод моноксид и атом на кислород. Во нивниот објавен труд, тимот објаснува како успеал во овој потфат, како и значењето на нивните пронајдоци. Артур Суитс и Давид Паркер нудат дополнителна перспектива која полабоко објаснува за MEP (Minimum energy path), каде реактантите не го следат секогаш најлесниот пат за време на хемиските реакци.

Низ годините, научниците имаат развиено теории за развојот на животот на планетата Земја кои се познати како „Големите оксидациски настани“, каде растенијата се развиле и започнале да преземаат јаглерод диоксид и да исфрлаат кислород надвор во средината. Во овој нов труд, научниците веруваат дека нашле начин да ја постигнат истата активност преку небиолошки пристап. Тие ја искористиле најкратката бранова должина од ултравиолетовата светлина, т.н. вакуумска ултравиолетова светлина (ВУВ), со цел да ги раздвојат молекулите на јаглерод диоксидот. Користен бил и дополнителен ласер за јонизирање на деловите од раздвоените молекули, како би биле мерливи со спектрометар за маса. Процесот резултирал така што само 5 проценти од молекулите на јаглерод диоксидот биле поделени на кислородни молекули и јаглеродни атоми (останатите преминале во форма на јаглероден моноксид и атоми од кислород), но оваа бројка е доволно голема за да се покаже дека процесот може да биде користен за да се добие молекуларен кислород од јаглерод диоксид, а истото може да има големо значење.

Начин за одвојување на кислородни молекули од јаглерод диоксид

Нови истражувања од Универзитетот Дејвис покажуваат дека јаглерод диоксидот може да биде поделен со вакуумски ултравиолетов ласер со цел да се создаде кислород во еден чекор. Ова откритие може да го промени нашето размислување за атмосферата. Заслуги: Zhou Lu, Универзитетот Дејвис

Тимот објаснува дека процесот функционира заради MEP реакциите и од таа причина се мисли дека е разумно да се заклучи дека дел од кислородот во раната атмосфера на Земјата настанал токму на овој начин — со оглед на севкупното количество на килсород во атмосферата денес, ВУВ не дава премногу во целината, но кога атмосферата имала далку поголемо количество на јаглерод диоксид, постои веројатност дека дел од тие молекули се раздвоиле во јаглеродни атоми и кислородни молекули. Ова значи дека истиот овој процес би можел да се случува и на други планети, што значи дека научниците кои бараат живот на други планети би требало да бараат повеќе траги, наместо само кислород во атмосферата.

Друго можно влијание од овие откритија на тимот го вклучуваат и вселенското истражување — ако се создаде апарат кој постојано би ги отстранувал кислородните молекули од јаглерод диоксидот кој е издишан од астронаутите, тогаш тие не би имале потреба од боци со кислород за да ја прават конверзијата, што го прави целиот овој процес доста поефикасен.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys.org

Сподели.