Фактори кои треба да се земат предвид при потрагата по вонземски живот

0

Вселенскиот научник од НАСА, Памела Конард, објави студија во која потсетува дека потрагата по вонземскиот живот на планетите како Марс не треба да се ограничува исклучиво на потрагата по вода. Таа забележува дека во случајот со потрагата по живот на Марс целиот фокус е насочен кон водата. Доказите за постоењето на вода во минатото или сегашноста не гарантираат за присуството на живот. Напротив, за оваа цел потребни се и многу други фактори. На пример, еден од нив е глобално магнетно поле, кое би ја штитело планетата од штетното јонизирачко зрачење. Други фактори би можеле да бидат температурата и нејзините варијации (да нема ниту превисоки, ниту премногу ниски температури), ветерот, атмосферскиот состав кој допринесува до регулирање на температурата и заштита од ултравиолетовите зраци итн.

Доказите за постоењето на било кој од овие фактори се многу потешки за пронаоѓање отколку водата. Научниците се речиси сигурни дека Марс своевремено имал атмосфера и глобално магнетно поле. Но, тешко е да се претпостави дали тие исчезнале заедно и дали тогашните температури биле поволни за развој на животот.

И порај тоа што Земјата и Марс се формирале во исто време и од истата материја, тие денес изгледаат сосема различно. Во текот на нивната еволуција, патиштата им се разделиле. Познавањето на факторите одговорни за оваа промена е од огромна важност за откривање на условите за создавање на животот на една планета.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.