Дали Алфа Кентаури е вистинското место за потрага по вонземски живот?!

0
Алфа Кентаури А, Алфа Кентаури Б, Алфа Кентаури, бинарен систем, ѕвезди, Проксима Кентаури, мисија, Епсилон Еридани, планета

Алфа Кентаури А, Алфа Кентаури Б, Алфа Кентаури, бинарен систем, ѕвезди, Проксима Кентаури, мисија, Епсилон Еридани, планета

Можеби звучи како научна фантастика, но веќе сериозно се размислува за мисии за испраќање на мали вселенски летала до нашите соседните ѕвезди. Одвоени се 100 милиони американски долари за реализација на овој план. Предвидено е леталата да достигнат брзини до една петина од брзината на светлината. Постојат дилеми која би била најдобрата цел за истражување?

Првичниот одговор е системот на Алфа Кентаури, најблиската ѕвезда до Сончевиот систем. Таа е третата најсветла ѕвезда на ноќното небо и гледана со голо око оваа ѕвезда се чини како единсвена во системот. Но, доколку ја набљудуваме со двоглед или телескоп може да се забележи дека всушност станува збор за бинарен систем од ѕвезди.

Двете ѕвезди Алфа Кентаури А и Б се слични на нашето Сонце. Алфа Кентаури А е за степен посјајна и поголема од Сонцето, додека пак Б е малку побледа и помала.

Алфа Кентаури (на левата страна) и Проксима Кентаури (одбележана со црвено крукче) се двете најблиски ѕвезди до Сонцето. Бета Кентаури се наоѓа десно на фотографијата и е стотици пати подалеку во споредба со нив. Извор: Скејтбајкер.

Но, овие две не се единствените кандидати од соседството. Моментално, за степен поблиску од нив се наоѓа Проксима Кентаури. Станува збор за црвено џуџе, со маса околу 8 пати поголема од сончевата. Таа е значително побледа и е невозможно да се забележи со голо око.

Ѕвездите во Алфа Кентаури и Сонцето со своите големини и бои. Извор: Дејвид Бенбеник.

Сепак, и покрај нивната близина и сличност со нашата ѕвезди треба да напоменеме дека околу ниту една од овие ѕвезди не е потврдено присуство на планети.

Ѕвездите од нашето соседство.

Па тогаш, освен близината, односно релативно брзото пристигање до таму, поради која друга причина би требало да испратиме летала до Алфа Кентаури?!

Релативната оддалеченост од нашето Сонце на некои од познатите ѕвезди. Извор: Ендру Колвин.

Со оваа мисија би можеле да добиеме еден куп информации и за Проксима Кентаури. Понатаму, со оглед на брзиот развој на техниката и телескопите доколку има присутни планети околу некоја од овие ѕвезди ние тоа ќе го забележеиме уште пред да пристигнат леталата кои ќе ги пратиме. Па така ќе може да направиме измени во плановите за набљудување и да добиеме успешни опсервации.
Да речеме дека мисијата кон Алфа Кентаури ќе помине успешно. Која би требало да биде нашата следна дестинација? Како возбудлива цел може да се издвои Епсилон Еридани. На само 10.5 светлосни години од нас, до овој кандидат од соседството би можело да се дојде за околу 55 години. За разлика од Алфа Кентаури, оваа ѕвезда исто како и Сонцето е сама и околу неа има диск кој потсетува на нашиот астероиден појас. Според опсервациите во овој систем има барем една масивна планета која орбитира веднаш зад појасот, исто како Јупитер. Со ова се претпоставува дека во системот се кријат и други планети кои чекаат да бидат откриени. Токму затоа, Епсилон Еридани е најсличен примерок со Сончев систем од нашето соседство. Но, сепак поради технолошките ограничувања и долгиот пат нормално е да се очекува најпрво испраќање на мисија до најблискиот кандидат, Алфа Кентаури.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.