Кога сфативме дека Земјата орбитира околу Сонцето?

0

Кои се прифатените докази за тоа дека Земјата орбитира околу Сонцето? Кога дојдовме до овој заклучок?

– Боб Џејмс , Лас Вегас

Се до вселенското доба немавме директен поглед на Земјата. Изнаоѓањето на физички докази за тоа дека нашата планета орбитира околу Сонцето барало повеќе паметно размислување при докажувањето дека хелиоцентричниот модел на нашиот Сончев Систем ја отсликува реалноста.

Самата идеја е древна. Хелиоцентричниот модел бил претпоставен уште од страна на грчкот гилозоф Аристарх околу 230 п.н.е. Тој бил одличен набљудувач и ја базирал оваа идеја врз основа не неговите внимателни набљудувања. Сепак, без директен доказ дека Земјата се движи, геоцентричниот модел за универзумот на Аристотел останал доминантен со векови.

zemja sonce

Во 1610, Галилео го свртел својот нов телексоп кон Венера. На негово изненадување, видел дека планетата минува низ фази како и Месечината. Галилео точно заклучил дека ова може да се случи само ако Венера има орбита поблиску до Сонцето од онаа на Земјата.

Со подобрени телескопи, астрономите почнале да трагаат по друг доказ за движењето на Земјата околу Сонцето, ѕвездена паралакса. Орбитата на Земјата е огромна – со дијаметар од 300,000 km. Ако еден астроном ја мери позицијата на блиска ѕвезда, и потоа ја мери повторно по шест месеци, привидната позиција на ѕвездата во однос на позадината составена од подалечни ѕвезди за малку ќе се помести.

Со набљудувањето на овој феномен се докажува дека Земјата не е стационарна. Ова поместување било детектирано дури во 1838 година од страна на германскиот астроном Фридрих Вилхелм Бесел кој ја измерил паралаксата на ѕвездата 61 Лебед.

Има и уште еден доказ. Замислете дека стоите мирно додека дождот врне дирекно врз вас. За да останете суви треба само да го држите чадорот над вашата глава. Но кога почнувате да одите, треба да го закривите чадорот во насоката на одење иако дождот доаѓа право надолу. Колку побрзо одите толку поголемо треба да е закривувањето.

Додека Земјата орбитира околу Сонцето, можеме да забележиме закрувување на ѕвездената светлина. Астрономот Џејмс Бредли случајно го открил овој феномен во 1725 додека трагал по ѕвездената паралакса! Оваа промена кај ѕвездената светлина е резултат на конечната брзина на светлината и движењето на Земјата околу Сонцето.

  • Рејмонд Шубински, Редактор

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.astronomy.com

Сподели.