Уште на почетокот на оваа година се зборуваше за намалувањето на најпознатата бура во Сончевиот систем, односно црвената точка на Јупитер. Сега, астрономите со помош на набљудувањата од Хабл и официјално прогласија дека нејзиниот дијаметар е со досега најмали димензии и изнесува 16.500 километри.
На историските нацрти и слики од крајот на 1800-тите астрономите утврдиле дека тогашниот дијаметар на црвената дамка е 41.000 километар, па дури и со најмал телескоп дамката би изледала огромно. Со аматерски опсервации уште во 2012 година беше забележано дека стапката на смалување на бурата забрзано расне во последниве години.
Така сега, во должина оваа дамка се намалува околу 1.000 км годишно, додека во големината од горе до доле нема значајни разлики. Со самото ова се менува и нејзината форма кон покружна.
Засега нема конкретни објаснувања за причините кои го предизвикуваат ова намалување на бурата.
Извор: Universe Today
Превод: Михаела Стојанова