За Гагарин и неговиот историски лет во Вселената

0
До самата одлука на тогашната Советска Државна комисија, Гагарин не знаел дека токму тој ќе биде првиот избран космонаут кој ќе полета во Вселената.

Јуриј Гагарин е роден на 9-ти март 1934 год. во близината на Смоленск, Русија.  Во 1955 год. во Саратово завршил индустриска техника и пилотски курс во аеро клуб. Школувањето го продолжил во Оренсбург и во 1957 год. станал пилот – ловец на Советските воздухопловни сили.За Гагарин и неговиот историски лет во Вселената

Организаторот на подготовката, Николај Камањин, потсетувајќи се на последните часа пред полетувањето, изјавил дека претстои величествен подвиг – прв лет на човекот во Вселената и дека тој  лет ќе го направи скромен советски човек во униформа на Воено – воздухопловните сили, Гагарин Јуриј Алексеевич.

На 12-ти април 1961 год., во беспрекорна тајност, поранешниот Советски космодром Бајконур влезе во историјата. Големата ракета на чиј врв се наоѓал вселенскиот брод Восток–1 полетала во Вселената, а светот во тие мигови  сѐ уште не знаел дека се пишува новата историја на човечкиот лет во Вселената. Јуриј Гагарин и Герман Титов тоа утро заедно дошле до ракетната рампа.

За Гагарин и неговиот историски лет во Вселената

Во 07:07 часот, Королев, главниот конструктор на проектот со кодираното име ЗОРА–1, со радио врска до ЦЕДАР (кодираното име за Гагарин, кое означува сибирски бор) ја исратил пораката „Палењето започна“. Пред полетувањето, имало доста емоции, како од самите космонаути, така и од сите присутни на самото лансирање.

Полетувањето поминало без никакви проблеми. Но, по полетувањето, командниот пункт во Колпашево доживеал неколку непријатни секунди. Аудио врската одеднаш се изгубила и тие веќе немале никаков контакт со космонаутите. Но, за среќа, врската повторно била воспоставена и веднаш било известено дека бродот успешно излегол од орбитата.

Неколку минути подоцна, од командниот пункт ВВС било соопштено дека Гагарин успешно се спуштил на пресметаната точка. Радоста била огромна.За Гагарин и неговиот историски лет во Вселената

Вечерта, на 12 април, сите космонаути, членовите на Државната комисија, раководството на областа одржале здравица во чест на историскиот лет на Гагарин.

Со тоа, завршил победоносниот ден – 12 април 1961 год. кое човештвото никогаш нема го заборави, а името Гагарин засекогаш ќе остане во историјата и ќе биде едно од најпознатите.

Но, дури  денес сe знаат некои детали од летот на Гагарин, кои во 50–те години од минатиот век биле строго чувана тајна.

Работата на леталото Восток (Исток) започнала 5 години пред летот на Гагарин и 2 години пред Спутник-1. Пред успешниот лет на Гагарин биле лансирани седум прототипови, од кои најмалку 4 биле неуспешни, или делумно успешни. Снимките кои и денес ги гледаме во медиумите од историското лансирање на Гагарин, всушност и не се точни. Била употребена снимка од лансирањето на едниот прототип на Восток!
Ракетните мотори работеле подолго отколку што било планирано и бродот на Гагарин се нашол во опасна висока траекторија. Гагарин за кратко изгубил трпение и не одговарал на упатствата од Земјата. Поради погрешната работа на ракетниот мотор, Восток–1 се вратил во атмосферата под многу неповолен агол, многу побрзо од планираното. Сепак, техничките толеранции и сигурносните коефициенти се погрижиле за сигурно враќање на космонаутoт на Земјата.За Гагарин и неговиот историски лет во Вселената
Спротивно на историските книги, летот на Гагарин траел 106, а не 108 минути. Телевизиската снимка од лансирањето на Гагарин всушност е направена на 28-ми јуни, 1960 год., за време на лансирањето на еден од прототиповите. Таа ракета експлодирала само неколку секунди подоцна, а притоа настрадале две кучиња, како екипаж на бродот. Снимките како главниот конструктор Королев му честита на Гагарин биле направени дополнително во Подлипки (Москва), а не во бункерот на лансирниот комплекс Туратам. Првиот човек во Вселената се катапултирал неколку илјади метри над површината и не слетал во капсулата, како што тогаш било објавено. Поради проблеми при процедурите на слетување, Гагарин слетал подалеку од позицијата која службена Москва ја објавила за јавноста и медиумите.

Првиот советски космонаут требало да биде Герман Титов, но само десетина часа пред самиот лет било одлучено Гагарин сепак да биде прв.

Кога полетал во Вселената, Гагарин бил мајор по чин, но кога слетал на Земјата бил веќе полковник. Добил Орден Ленин и е прогласен за Херој на Советскиот Сојуз. Низ СССР биле подигнувани безброј споменици, а улиците се именувале според него. Станал славен во целиот свет.

Неговото име до тој момент било анонимно во целиот свет, а веќе за неколку часа, на 12 април, ќе стане познато ширум целиот свет и никогаш нема да биде заборавено од човештвото.За Гагарин и неговиот историски лет во Вселената
Загинал на 27 март 1968 год. во авионска несреќа додека тестирал млазен авион. Урната со неговата пепел е поставена во ѕидините на Кремљ. Неговото родно место го добило името  по него, како и еден кратер на другата страна на Месечината.
Голем број на конструкциски елементи на техниката, користени за време на историскиот лет на човекот во Вселената, и денес редовно сe користат во Руската вселенска програма.Неговиот успех била голема победа за Советите во вселенската трка, и сѐ уште се смета за едно од најголемите советски достигнувања. Тоа претставувало еден од главните двигатели за САД до крајот на таа деценија да го изведат првиот лет на човекот на Месечината.

Текст: Петар Ивановски

Сподели.